Лани во Катастарот од 1.189.967 предмети, нерешени само 0,2 отсто

Преку регистарот за цени и закупнини на недвижности на Катастарот до крајот на септември лани се впишани 5.329 трансакции, од кои 3.362 продажби и 1.967 закупи. Најмногу продажби и закупи по 882, односно 874 се евидентирани на територијата на Скопје. Најмалку продажби, 13, имало во Кратово, а најмалку закупи, по еден, во Виница, Демир Хисар и Македонски Брод.- Вкупната вредност на регистрираните купопродажби изнесува 4.786.774.044 денари. Од нив, 3,2 милијарди денари отпаѓаат на купопродажба на објекти, а околу 666 милиони на земјиште – информира денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, во отчет за работата на институцијата во 2015 година.-Досега како купопродажби се истргувани недвижности со површина од 3.850.214 метри квадратни, а вкупната вредност на евидентираните закупи е 38.787.380 денари при што под закуп се издадени недвижности со површина од 881.566 квадратни метри.Според регистарот на цени и закупнини на недвижности, во Скопје просечната цена за квадратен метар за објект изнесува 51.870 денари, по што следува Битола, каде што за квадратен метар се плаќа по 31.553 денари, Охрид со 29.958 денари, Кочани со 27.725 денари, Кавадарци со 26.089 денари за квадратен метар… Минатата година во мај во Скопје квадратен метар се продавал за 48.611 денари, а цената продолжила да расте и достигнала највисок износ од 56.272 денара во јули. Месец потоа следува голем пад и квадратен метар се купувал за само 42.175 денари, што е најниска цена во изминатите шест месеци.Во електронскиот катастар минатата година се примени 1.189.967 предмети, што е рекорден број во историјата на оваа институција, а нерешени останале само 0,2 проценти – вели Трпески. ­
-Во текот на годинава очекуваме повторно да бидат примени повеќе од милион предмети и да бидат решени во законски утврдените рокови, а особено очекуваме предмети за впишување легализирани објекти и приватизација на дворни места – рече Трпески.Со годишната програма за реализација на стратешкиот план на Катастарот во текот на месецов се очекува да почне нова постапка за регистрација на имот во три чекори. За до крајот на март се најавува дека ќе заврши дигитализацијата на катастарските планови за целата територија на Македонија, а заклучно со јуни, воспоставување и управување со регистарот на градежно земјиште – додаде тој.До крајот на минатата година катастарот впишал 139.070 легализирани бесправно изградени објекти и изготвил 4.501 бесплатен геодетски елаборат за легализација. Во 2015 година е извршено впишување, евидентирање и предбележување на 1.498 инфраструктурни објекти.Тимовите на Кататстарот реализирале средби со 6.500 граѓани во текот на кои се решавани нивни проблеми од областа. Во Контакт центарот на Катастарот имало 24.182 повици, со кои, според Трпески, се овозможило отворање на 11.997 предмети кои во најголем број се решени за 24 часа, а во текот е и постапка за решавање на 68.Во изминатата година преку Секторот за внатрешна контрола е извршен надзор на работењето на 144 трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи, разгледани се 931 претставка од граѓани и се поведени дисциплински постапки за 28 вработени, од кои за двајца е донесена одлука за отказ. Поднесени се и предлози за кривични пријави за операција „Геодет“ на финансиската полиција, а според Трпески врз основа на насоките од истражниот судија приведените вработени во катастарот се суспендирани и распоредени на други работни места.- Вкупната вредност на регистрираните купопродажби изнесува 4.786.774.044 денари. Од нив, 3,2 милијарди денари отпаѓаат на купопродажба на објекти,

Пронајдете не на следниве мрежи: