Српската влада изготвила план за пензиите стекнати на Косово, за чија исплата според неофицијални проценки, ќе биде потребна една милијарда евра, пишува весникот Вечерње новости.Одлуката на српската влада уследи по пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур со која брачниот пар Грудиќ го доби спорот против државата Србија по тужба за неисплатена инвалидска пензија над една деценија.Исплатата на пензионерите од Косово е прекината пред 10 години, бидејќи Србија од 1999 година не може, како што се наведува, на таа територија да наплати придонеси.Според Акциониот план за решавање на исплатата за „косовски пензии“, усвоен од српската влада, ќе се знаат точните мерките кои ќе ги преземе државата, кој се исполнува услови за право на користење на пензиско и инвалидско осигурување и колку тоа ќе ја чини Србија.Првичните неофицијални пресметки покажуваат дека државата од буџетот ќе мора да издвои над една милијарда евра.Наредната недела српското Министерство за труд и социјална политика ќе објави оглас со податоци каде може да се приложат потребните документи за пензија стекната на Косово.Еден од условите за стекнување на право на пензија од Косово е лицето да не прима пензија по две основи, а пари ќе добиваа само оние лица кои досега не примиле пензија од косовските институции.
МакфаксСрпската влада изготвила план за пензиите стекнати на Ко