Старите и руинирани студентски домови остануваат во минатото

Старите и руинирани бараки и дотраените згради од студентските домови, остануваат само дел од минатото.Собите со стариот мебел и лошите услови во кои живееја студентите во изминативе децении, од годинава се заменуваат со нови реконструирани простории модерно уредени. На местото на некогашниот „Медицинар“ на почетокот од новата 2016-та ќе почне да се гради новиот објект, на површина од 1200 метри квадратни.
До 400 студенти ќе можат да престојуваат во комплетно новиот студентскидом. Новина која премиерот Никола Груевски ја најави е што покрај новите и модерни простории во кои ќе живеат студентите, ќе биде изградена и спортска сала во комплексот на студенскиот.
Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски за Алфа најави дека е завршен и тендерот за целосно реновирање на блокот А во студентскиот дом„Гоце Делчев “.
-Студентскиот дом Гоце Делчев продолжуваме да го реконструираме со динамиката со која што го најавивме. Блокот Б е комплетно реновиран во целост. За блокот А сме во завршна фаза, сега сме во постапка на избор , односно евалуација на фирма која што ќе ги превземе активностите за реновирање на вториот блок, блокот А и веднаш потоа во наредните неколку недели се очекува да пристигне проект за реновирањето на блоковите В и Г и мензата и за истите да се распише јавен повик за фирма изведувач, која што ќе ги реновира овие два блока, вели Ристовски за Алфа.
Владата веќе донесе одлука и за градење на други 2 студентски домови од кој едниот ќе се гради во Скопје а другиот во Тетово. Ова се комплетно нови објекти кои ќе обезбедат дополнителни 900 места за студентите од внатрешноста.Собите со стариот мебел и лошите услови во кои живееја студентите во изминативе децении, од годинава се заменуваат со нови реконструирани простории

Пронајдете не на следниве мрежи: