Лидерот на СДСМ грубо се меша во деловното работење на банките, а денес испрати и закани кон нив.На тој начин Заев врши директен притисок до македонските банки, а ваквото однесување на еден политичар е неприфатливо, за што реагираше и фувернерот на НБРМ, Димитар Богов.
Партијата на Зоран Заев е во длабока опозиција речиси една цела деценија. Тој се уште има очаен процент на поддршка кај граѓаните од само 5 отсто, па фактите велат дека овој политичар не може никому да се закани.
Денес на негова мета беа банките, но претходно и новинарите. Неговите закани неретко се упатуваат и кон одредени категории на граѓани. Она што е јасно е дека Заев никогаш нема да дојде во позиција да извршува закана кон некого, а со неговото вакво однесување, довербата која јавноста ја има во него ќе опадне и под 5 отсто.
Фактот што неколку анкети му покажаа на Заев каде му е местото во македонската политика и колку овој политичар има поддршка, го натера опозицискиот лидер да си дозволи себеси да се заканува и да врши силни притисоци. Но, од неговите зборови, никој не треба се плаши.
Колку Заев посилно вика, толку послабо изгледа. Заев треба да сфати дека никој не му е виновен што нема поддршка. Иако денес потенцира дека најголеми непријатели му се медиумите, Заев самиот на себе си е најголем непријател. Со своите пакости и закани, Заев само тоне и продолжува да губи. Заев денес се обиде да ја укине и слободата на деловно одлучување кога со предупредување им се обрати на банките.
Тој дури им се закани на македонските банки дека без согласност од Наумов, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување.
-Пред денешната закажана аукција ги повикувам банките да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните на Република Македонија. Како најголеми доверители банките мораат да имаат во предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг, рече Заев утрово на прес-конференција најавена како итна.
Работата на банките, освен што ја стави под притисок, Заев на истите им се обрати како на политички противник. Така, ги обвини дека преку својата редовна работа, банките би финансирале некаква изборна корупција.
-Банките мора да имаа во предвид што и за какви цели финансираат. Им укажуваме на домашните банки дека ни стојат на располагање и други механизми за да го спречиме ова финансирање за купување на гласови од страна на власта. СДСМ ќе ги превземе сите чекори. Изборите на 24-ти април мора да бидат слободни, фер, демократски и регуларни, истакна денес лидерот на СДСМ.
На ова негово однесување реагираше гувернерот на Народна банка, Димитар Богов.
– Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот амбиент во Македонија и нивните идни планови. Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства согласно со својата деловна политика, вели гувернерот Богов во писмената изјава.
Порака до Заев да не се меша во деловните политики на банките испратија и од Министерството за финансии.
-Со реализација на аукцијата денеска се обезбедува потребната ликвидност за спроведување на буџетот, како што и беше планирано. Пензиите ќе се исплатат во планираниот рок, односно во петок, ќе се исплатат платите за војската, полицијата, здравствените и образовните работници, субвенциите, капиталните инвестиции…Со попречувањето на аукцијата, единствено нешто што можеше да се постигне е запирање токму на овие исплати. Министерството за финансии повикува опозициската СДСМ да не се меша во деловната политика на банките и стопанските субјекти. Министерството и понатаму ќе продолжи со реализација на буџетот согласно законот донесен од Владата и Собранието на РМ, истакнаа од МФ.На тој начин Заев врши директен притисок до македонските банки, а ваквото однесување на еден политичар е неприфатливо, за што реагираше и фувернеро