Австралија одобри екстрадиција на капетан Драган на Хрватска

Австралија на Хрватска ќе и го испорача Драган Васиљковиќ, познат како капетан Драган, јави „Австралијан“.

Одлуката за екстрадиција ја донел австралискиот министер за внатрешни работи Џејсон Клер.
Хрватска го обвинува Васиљковиќ дека како командант на српските паравоени формации е одговорен за повеќе воени злосторства на територијата на Хрватска за време на распадот на Југославија.
Васиљковиќ, кого одлуката целосно го погодила, има право на жалба.
Како што истакнува весникот „Австралијан“, Австралија никогаш на ниту една земја нема испорачано обвинет за воени злосторства.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: