Му одзеле 9.000 евра-Ги чувал сошиени во палтото

Од домот на жител на село Страјане Гостиварско, вчера биле украдени девет илјади евра кои ги чувал сошиени во палто.Според СВР Тетово, Х.М. (80) од гостиварското село Страјане, вчера попладне во Полициската станица Гостивар пријавил тешка кражба во нговиот дом.
 
– Непознати сторители, претходно насилно ја отвориле влезната врата од куќата и без да пребаруваат влегле во една од собите.Од палто кое се наоѓало на закачалка за облека, поточно од внатрешниот џеб на палтото, кој бил зашиен, одзеле 9.000 евра во апоени од по 100 евра и незабележани од никого се оддалечиле, вели Марјан Јосифоски портпаролот на СВР Тетово.
По извршениот увид се расветлува пријавеното и се работи на откривање на сторителите.Според СВР Тетово, Х.М. (80) од гостиварското село Страјане, вчера попладне во Полициската станица Гостивар пријавил тешка кражба во нговиот дом.

Пронајдете не на следниве мрежи: