Триесет и две годишниот П.П. од тетовско Сараќино вчера околу 20 часот во дворот на семејната куќа на неговиот татко испукал околу 100 куршуми во неодреден правец од пиштол марка „Црвена застава„ Крагуевац калибар 9мм долга деветка, кој го поседувал без одобрение.Како што информираат од полицијата лицето било во алкохолизирана состојба, а по негово кажување пукал од револтираност и депресивност.
-Увид на лице место е извршен од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи -Тетово, при што во тревникот од дворот и кај просторот на влезот од приземјето на повеќе локации пронајдени се 50 чаури калибар 9 мм долга деветка пиштолска муниција, додека во дневната соба од приземјето, пронајден е еден куршум кал.9 мм долга деветка, како и пиштол кој по посочување на осомничениот е пронајден во внатрешноста од сунѓераст наслон на двосед од гарнитура, информираат од МВР.
Од рацете на осомничениот обезбедени се фолии за барутен тест, како и комплет од крв и урина, истиот е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР-Тетово за расчистување на случајот.
Како што информираат од полицијата лицето било во алкохолизирана состојба, а по негово кажување пукал од револтираност и депресивност.