Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани технички производи, влекач, автоделови, алкохолни пијалоци, облека, етикети, таблети за апарати за кафе и фалсификати.Задржана е следната стока:
Техничка стока
– 32 LED рефлектори (Diodor Fluter и Tresol Bloc), 3 звучници Visaton TL-8 и 2 комплети со по 60 LED сијалички, откриени на скопскиот аеродром Алкесандар Велики, при контрола на патниот куфер на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Белград. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.
– 2 LED проектори марка Chauvet DJ EZ Gobo, откриени при контрола на стока со потекло од Словенија, наменета за фирма од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4. Непријавената стока, која не била опфатена со царинските документи, е привремено задржана, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.
– телевизор марка Samsung и 10 звучници ( домашно кино ) марка Sony, откриени при контрола на словенечки автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Влекач, автоделови и регистарски таблички
– 1 друмски влекач, со бугарски регистарски таблички, откриен на граничниот премин Ново Село. Македонски државјанин, управувајќи го влекачот, се пријавил за излез од државата, но при контрола на приложените документи, било утврдено дека возилото се задржало на територијата на Република Македонија подолго од законски дозволениот рок, а за причините не биле навремено известени царинските органи. Влекачот е привремено задржан, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
– 1 замаец и комплет ламела со потисна плоча за патничко возило, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените делови, пронајдени во најлонски кеси сместени под предните седишта на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 1 комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево. Возачот изјавил дека возилото на кое му припаѓале табличките е расходувано во отпад, но не поседувал документ со кој би била потврдена неговата изјава. На тој начин возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде ставено во пропишана царинска постапка и без да бидат платени увозни давачки. За сторениот царински прекршок против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.
Алкохолни пијалоци
– 11 литри алкохолни пијалоци (коњак, узо и ракија), откриени при контрола на полски автомобил, со кој за влез во државата, на граничниот премин Меџитлија, се пријавиле тројца полски државјани. Патниците пријавиле дека носат 3 литри алкохолни пијалоци, но при извршената контрола, во куферите и вреќите за спиење на патниците, биле пронајдени непријавени 25 шишиња алкохолни пијалоци со вкупен волумен од 11,2 литри.
Непријавените алкохолни пијалоци се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Облека
– 32 парчиња облека (машки дуксери и јакни), откриени при контрола на македонски автомобил, со кој за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во неколку црни кеси, сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против сопатникот, кој бил сопственик на истите, е поведена соодветна постапка.
Останато
– 135 илјади етикети (45 ролни) со ознака БЕЛИ ЕКО, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените етикети, пронајдени во три картонски кутии сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
– 620 таблети Thermo milk tabs, од 7 грама, за прочистување на машини за кафе, откриени при контрола на стока со потекло од Грција, наменета за фирма од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Непријавените таблети биле пронајдени во 3 кутии, идентични на кутиите во кои била спакувана легално пријавената стока, сместени во товарниот дел на комбето со кое била транспортирана стоката. Непријавената стока е привремено задржана и изготвено е барање за поведување на прекршочна постапка против увозникот.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 3 мобилни телефони со ознаки на заштитена трговска марка, откриени во царинската испостава Пошта Скопје, при контрола на пратка од Шведска наменета за примач од Куманово.
Поради сомневање дека стоката повредува права од интелектуална сопственост, истата е привремено задржана, и согласно законските прописи ќе биде започната постапка за докажување на нејзината оригиналност.Задржана е следната стока:
Техничка стока
– 32 LED рефлекто