Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец јули 2016 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 7 кривични пријави против 8 физички лица.Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“.
Криумчарење
До ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава против физичко лице Р.Ј., македонски државјанин кој на ден 24.06.2016 година како патник во автобус се пријавил за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица. При извршен личен претрес во десниот преден џеб од фармерките кои ги носел на себе, во проѕирно најлон ќесе, завиткано во црн женски чорап биле пронајдени вкупно 25 парчиња непријавени златни монети од кои 12 парчиња златни турски монети, 3 парчиња златни австриски монети и 10 парчиња златни монети од француска република. На ваков начин осомничениот избегнувајќи ја царинската контрола пренел непријавена стока со вкупна вредност од 292.414,00 денари.
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против физичко лице Н.Р., македонски државјанин кој на ден 13.07.2016 со лет од Рим пристигнал на Аеродромот Александар Велики во Скопје. Откако го подигнал багажот од лентата на која пристигнал истиот, осомничениот се упатил на „зелен канал“ од каде излегуваат патници кои немаат ништо да декларираат за царинска контрола. Осомничениот бил селектиран за детална контрола при која се користел скенер за контрола и преглед на патни торби. На екранот од скенерот било забележано дека една од торбите на осомничениот содржи метални предмети по што веднаш бил направен и физички преглед на истата. Во внатрешноста помеѓу алиштата во жолт хартиен плик биле пронајдени непријавени 22 парчиња австриски златни дукати како и две фактури кои се однесуваат на дукатите. На ваков начин осомничениот избегнувајќи ја царинската контрола пренел непријавена стока со вкупна вредност од 644.700,00 денари.
До ОЈО Куманово поднесена е кривична пријава против едно физичко лце Ч.Ј. државјанин на Р.Србија кој на ден 23.07.2016 година со ПМВ-ло со швајцарски регистарски ознаки се пријавил на излез од Република Македонија. При извршена контрола на багажниот простор од возилото, поточно од левата страна во преградата оградена со мрежа наменета за чување на помошен прибор, од страна на царинските службеници, била пронајдена една црна најлонска кеса во која биле сместени 8 рачни часовници и разен златен накит (алки, ѓердани, прстени, брош) со вкупна тежина од околу 440 грама. На ваков начин осомничениот избегнувајќи ја царинската контрола пренел непријавена стока со вкупна вредност од 1.081.320,00 денари.
Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против физичко лице A.E., македонски државјанин, кој на ден 13.06.2016 година во просториите на Пошта 2 Скопје подигнал две меѓународни поштенски пратки од Германија и од Австрија кои гласеле на негово име, во кои имало вкупно 19 парчиња семки од марихуана и еден шприц со спори од халуциногени печурки. На ваков начин пријавениот неовластено, набавил материјали за кои знаел дека се наменети за производство на опојни дроги, со што сторил кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги психотропни супстанци и прекурсори“ казниво по член 215 став 4 и став 7 од КЗ.
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против физичко лице М. Д. македонски државјанин кој на ден 28.04.2016 година со лет од Истанбул пристигнал на Аеродромот Александар Велики во Скопје. Откако го подигнал багажот од лентата на која пристига истиот, осомничениот се упатил на „зелен канал“ од каде излегуваат патници кои немаат ништо да пријават за царинска контрола. Осомничениот бил селектиран за детална контрола, при која во дното од неговиот платнен куфер, во пластична зипер кесичка биле пронајдени 4 рачно завиткани цигари, наполнети со непозната материја од растително потекло со зелена боја. По извршено вештачење на непознатата растителна материја утврдено е дека истата преставува опојна дрога – марихуана со вкупна тежина од 1,51 грам.
До ОЈО Велес е поднесена кривична пријава против М. Т., македонски државјанин кој на ден 24.07.2016 година со ТМВ-ло со македонски регистарски ознаки се пријавил на излез од Република Македонија на граничниот премин Дојран. Лицето на царинските службеници со транзитно ЕЦД пријавил стока (метални спирали за душеци) која ја превезувал од Р. Хрватска за Р. Турција. При извршена контрола на товарот во полуприколката, од страна на царинските службеници биле пронајдени две црни патни торби во кои биле сместени вкупно 35 пакетчиња (20 во едната и 15 во другата торба) наполнети со непозната растителна материја со зеленкаста боја и карактеристичен мирис. По наредба од јавен обвинител извршено е вештачење на непознатата материја, при кое е утврдено дека истата преставува опојна дрога – марихуана со вкупна тежина од 34 килограми. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Велес кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Одделението за истраги во соработка со јавниот обвинител кој го води случајот превзема понатамошни мерки и активности за откривање на сите инволвирани во кривично – правниот настан.
Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две физички лица С. А. и С. А. од Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,,Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение’’. На ден 08.07.2016 година околу 10:45 часот на автопатот Скопје – Куманово, при вршење на рутинска длабинска контрола од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа на Република Македонија, сопрено за контрола е товарно моторно возило, управувано од пријавениот С. А. во кое како сопатник бил и неговиот брат С. А. Лицата пријавиле дека превезуваат картонски кутии наполнети со филтри за тутун, енергетски напиток „Ред Бул“ и спреј за муви. По извршениот детален преглед на комбето во целата внатрешност помеѓу останатата стока биле пронајдени и 12 картонски кутии наполнети со режан тутун за пушење со вкупна тежина од 243 килограми. Согласно одредбите од Законот за акцизи, тутунот за пушење претставува акцизно добро, а при неговото производство настанува акцизен долг. Пријавените лица не поседувале документација за платена акциза, а Царинската управа утврдила дека вкупно избегнатите давачки (акциза, царина и ддв) за 243килограми режан тутун тип вирџинија изнесуваат 503.687,48 денари. На тој начин пријавените сториле кривично дело по чл.59 од Законот за акцизи, за кое се пријавени пред ОЈО Скопје.Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Неовластено произво