Разбојници одзеле 100.000 денари од вработена во обложувалница во Аеродром

Две непознати лица синоќа извршиле разбојништво во спортска обложувалница во скопската населба Аеродром и притоа се одземени 100.000 денари.Полицијата соопшти дека разбојништвото е пријавено синоќа, во 22.47 часот и оти била пријавена од лице вработено во Агенција за обезбедување.
Било утврдено дека на бул. „Видое Смилевски-Бато“, во спортска обложувалница две непознати лица извршиле разбојништво врз вработената.
Сторителите, со закана со сатар, одзеле околу 100.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.Полицијата соопшти дека разбојништвото е пријавено синоќа, во 22.47 часот и оти била пријавена од лице вработено во Агенција за обезбедување.

Пронајдете не на следниве мрежи: