Бугарија си даде автогол!

Лидерот на партијата на Македонците во Грција Павле Воскопулос го искоментира членот 11 став 5 од договорот со Бугарија. ”Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.”Според Воскопулос причината што овој член е вметнат во договорот лежи во бугарското инсистирање.
„Ако не се плашиш од сопственото (македонско) малцинство, ако не се плашиш од својата бугарска идеологија не настојуваш на ваков член. Јас така го читам ваквиот член од договорот и воопшто кога Бугарија „кутрата“ мисли дека така ќе го заштити митот ( за непостоење на македонско малцинство во Бугарија).
Според Воскопулос, прашањето дали постои Македонија е депласирано. Поважно прашање е дали е Бугарија здрава , демократска, разнолика која што ги почитува малцинствата. Конкретно мора да ги почитува своите граѓани и така нема потреба соседната држава да се грижи за граѓани во друга држава. Овие луѓе според него имаат друг статус без разлика што делат свест, идентитет и јазик со своите браќа од другата страна на границата.
Тој е уверен дека на овој член инсистирале бугарските експерти и тоа за него е автогол во врска со македонското малцинство во Бугарија затоа што Софија индиректно признава дека постои проблем. Бугарија си ја има „мувата на капата“ околу Македонците на своја територија затоа и инсистирала на овој член.
„Од оваа перспектива замислете кога ова ќе го чита просечен странец и ќе прашува што е работата, кои се граѓаните на кои што се однесува членот. А  бугарската позиција – одговор на најважното прашање веќе  ќе биде влезено во автогол позиција“, вели Воскопулост.Според Воскопулос причината што овој член е вметнат во договорот лежи во бугарското инсистирање.
„Ако не се плашиш од сопственото (ма

Пронајдете не на следниве мрежи: