Еуроспорт претставува ексклузивен документарец за историската титула на Надал “La Décima”

Еуроспорт во соработка со Француската Тениска Асоцијација (Fédération Française de Tennis FFT) го претставува ексклузивниот документарец „Ла Децима“ , кој го следи Рафаел Надал на патот до неговата десетта победа на Роланд Гарос.Надал на камерите на Еуроспорт и ФТА им дозволи целосен пристап во текот на овогодишниот турнир. Камерите го следеа додека се подготвуваше за потврда на позицијата, најголем тенисер на сите времиња на земјена подлога, и освојување на 15 Гранд Слем титули.

La Décima – The Story ќе се емитира на ТВ и дигиталните платформи на Еуроспорт денес, (понеделник, 12 јуни) во 20:30. Документарецот ќе ни открие што го мотивираше „Кралот на земјената подлога“  во подготовките за освојување на десеттата победа на Ролан Гарос и прата Гранд Слем титула од 2014 година. 

La Décima – The Story на фановите ќе обезбеди место во прв ред- не само што ќе го видат Надал како дошол до врвот на својата игра, туку да ја разберат и страста која го движи и му дава сила за натпреварување и победи, без обѕир на препреките кои го снашле. La Décima во Шпанија е синоним за успех, а освојувањето на Ролан Гарос оваа година, може е најголемиот успех во неговата трофејна кариера.

Мест Виландер, тројниот освојувач на Ролан Гарос соработник на Еуроспорт за тенис, изјави: „Кажав за  Надал, кога е во форма, невозможно е да се победи на земјен терен и Шпанецот го потврди тоа. Имав среќа и во кариерата го имам освоен Гранд Слем три пати и секогаш беше голем физички и ментален предизвик. Да го освоиш Ролан Гарос 10 пати, е едно од најголемите достигнувања во спортот. Рафа доминираше на теренот и овој документарец на гледачите ќе им покаже што е потребно за да станете еден од најдобрите тенисери на сите времиња.“ 

Арно Симон, виш потпретседател на Дискавери за содржина, продукција и настани, изјави: „Постојано бараме начини да ги збогатиме нашите преноси за најголемите спортски настани за на гледачите им ја доближиме акцијата. Многу ни е мило за соработката со ФТА која на љубителите на тенисот им овозможи да видат ексклузивни снимки зад камерите и што сѐ се случуваше околу историската 10 победа на Рафаел Надал на Ролан Гарос.“ 

La Décima – The Story се емитира денес, 12 јуни во 20:30 на Еуроспорт и Eurosport PlayerНадал на камерите на Еуроспорт и ФТА им дозволи целосен пристап во текот на овогодишниот турнир. Камерите го следеа додека се подготвуваше за потвр

Пронајдете не на следниве мрежи: