Некои луѓе немаат образ. Па така не ни е чудно што Жерновски се убутуе сега на Вардар

Да навистина некои луѓе немаат образ. Па така Жерно, потомок на некогашниот бугарски кмет на Скопје, од времето на окупацијата, се дограби до трофејот. И дури и се сликаше. На ова мислиме дека Љупчо Златев реагираше најсоодветно… Некои луѓе едноставно немаат образ и чест. Таков е примерот со Андреј Жерновски. Ова човече, кога стана градоначалник на Општина Центар го обвини сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко дека криминално купил парцела во близина на градскиот стадион на која се изгради центарот за тренинг на младинската школа на Вардар, кој може да го видите и изгледа светски. Многу млади таленти се обликуваат таму.Се сеќавам, како да беше вчера, кога Жерновски сееше лаги на прес конференција за поврзаност на Самсоненко со власта, која наводно му ја дала парцелата за многу ниска цена, иако тој беше единствен кој учествуваше на јавното надавање и целата постапка беше јавна и транспарентна. Самсоненко тогаш му одговори со стил: Најди друг кој како мене ќе вложи 2.5 милиони евра во нешто што не носи профит и јас ќе се повлечам.Денес Жерновски прв оттрча да се слика со трофејот на Вардар. Да имаше барем малку доблест да се извини за лагите? Зарем не е срамота вака да пробува да украде дел од славата на тимот и сопственикот кои ги кочеше и клеветеше во нивните залагања да дојдат до успехот до кој дојдоа денес.Некои луѓе едноставно немаат образ и чест. Таков е примерот со Андреј Жерновски. 

Пронајдете не на следниве мрежи: