Избрани најубавите цртежи на Ладна конкурсот

„Кога ги инспирирате дечињата да цртаат на одредена тема која нив лично ги засега, неминовно е да добиете огромен број на успешни цртежи од кои тешко ќе можете да се одвоите, а камо ли да го одберете „најубавиот“, добивме искрена изјава од „Ладна“ по повод успешно завршениот конкурс на темата „Животните и водата“ . „Тргнавме од претпоставката дека децата ги сакаат животните и повеќето од нив имаат дури и свои лични миленичиња , имавме потреба да ги мотивираме да нацртаат нешто од нивното лично искуство и секојдневие, знаејќи дека само така ќе имаме огромен број на успешни цртежи“.Натпреварувањето беше поделено во две категории и тоа деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години. Стручното жири одбра три најубави цртежи во секоја категорија, за кои Ladna обезбеди супер награди и тоа 2 тридневни патувања во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.
Годинава на конкурсот пристигнаа околу 1.500 детски цртежи кои на 10 јуни ќе бидат изложени во мултимедијалниот центар Мала Станица во рамки на голема изложба.
Повеќе информации за конкурсот и добитниците можете да прочитате на веб страницата www.ladna.com.mk и Facebook страната на Ладна: www.facebook.com/Ladna.mk
 
Натпреварувањето беше поделено во две категории и тоа деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години. Стручно

Пронајдете не на следниве мрежи: