Јубилејно издание на фестивалот „Прво па женско“

Богата програма во МКЦ во прилог на феминистичката култураКолку сме отворени, искрени и слободни да говориме за феминизмот и прашањата кои ги засегаат жените, но и мажите. Дали воопшто знаете што претставува феминизмот и за кои вредности тој се бори? Дали сте доволно храбри да си поставите некои прашања тивко пред себе, а камо ли јавно да проговорите за нив?
На сите овие прашања и дилеми бидете подготвени да ги лоцираме одговорите од 18 до 21 мај во МКЦ кога ќе се одржи петтото јубилејно издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“. Настанот е во организација на девојките од “Тиииит! Инк.”.
„Ни претставува огромна радост што успеавме да добуткаме до петтото издание, чија што програма ги враќа назад некои од незаборавните учеснички и учесници од претходните години, на кои им се придружуваат нови возбудливи пријател(к)и на фестивалот. Се гледаме во МКЦ заедно да ги промислуваме и славиме женските права и слободи. Сериозните чичковци во костуми, седнати на одлучувачки позиции сериозно потфрлија. Ред е на жените да го спасат светот! “, велат девојките.
Влезот за фестивалот е слободен, освен за претставата „Црвена љубов“, во изведба на БИТЕФ театарот, Србија (https://www.facebook.com/events/209592822888443/)
Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ е поддржан од Европската Унија и FRIDA Young Feminist Fund. Содржината на активностите поврзани со фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ е одговорност единствено на “Тиииит! Инк. – Скопје” и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.
Деталната програма на фестивалот можете да ја видите на следниот линк: https://www.facebook.com/events/1527463237298691/?acontext=%7B%22ref%22%3A%223%22%2C%22ref_newsfeed_story_type%22%3A%22regular%22%2C%22action_history%22%3A%22null%22%7DКолку сме отворени, искрени и слободни да говориме за феминизмот и прашањата кои ги засегаат жените, но и мажите. Дали воопшто знаете што

Пронајдете не на следниве мрежи: