Холандскиот диџеј Jooris Voorn утре настапува во Епицентар

Jooris Voorn со својот настап утре, 11 мај во клубот Епицентар е како природно потсетување дека квалитетот е единствена референца која е важна за да се отворат вратите на DJ кабината.Joris Voorn е глобално почитуван DJ и продуцент, кој пред се’ е музичар што знае да ги спои најквалитетните продукции од различни жанрови, во еден многу препознатлив – Voorn пакет.
Тој доаѓа од епицентарот на холандската електронска музичка сцена и набрзина станува олицетворение на современата уметност и tech-savvy DJ, цврсто стоејќи во подземјето на techno сцената.
Како продуцент тој блесна во 2004 година со траките „Muted“, Lost Memories EP и Lost Memories EP Part II кои беа доживеани како мега хитови и презентирани во сетовите на DJ пионерите Carl Cox, Derrick May и Laurent Garnier. Секој би рекол дека тој доживеа успех преку ноќ, заборавајќи дека на овој талент му претходи наобразба од класична музика, свирење инструменти како виолина, неколку рок бенда и години поминати во плочарите одбирајќи house и techno музика која има поинаква музичка длабочина од она, популарното. Во 2009та Voorn ја издаде компилацијата „Balance014″ каде успеа да измикса точно 100 песни во двојно CD издание и да ги спои во еден долг, колективен миск. Покрај него, во минатото само Richie Hawtin има успеано да создаде исто толку предизвикувачко издание со неговите DE9 series.
Овој пат го креираше DJ кој денес има 4 албума, над 30 синглови и можност да настапува буквално насекаде каде се почитува добрата, електронска музика. Од тие причини е еден од ретките DJи кои биле повикани да издадат микс за Fabric, Cocoon и Mixmag.
Неговата визионерска работа го прави многу значаен продуцент кој ги користи најновите технологии, а и учествува во нивното креирање. Сепак неговите таленти не запираат кај музиката, а доколку ги проследиме каверите на неговите EP-a или Instagram профил ќе видиме дека има остро око за современа уметност, фотографија и архитектура.
Joris Voorn е глобално почитуван DJ и продуцент, кој пред се’ е музичар што знае да ги спои најквалитетните продукции од различни ж

Пронајдете не на следниве мрежи: