Двајца студенти од Македонија ќе ја имаат можноста да добијат стипендија за постдипломски студии во Грција. Стипендијата ќе ги покрива трошоците за школарина, како и трошоци за живот во висина од 1.000 евра месечно.Неодамна, Групацијата Хеленик Петролеум потпиша тригодишен договор за соработка со два универзитети во Грција за следниве постдипломски програми: Постдипломски студии за енергетска стратегија, право и економија на Универзитетот во Пиреја, како и Постдипломски студии по нафтен инженеринг на Техничкиот универзитет на Крит.
Хеленик Петролеум за овие специјализирани постдипломски програми ќе даде значаен број стипендии (вкупно 25), од кои најмалку по 2 ќе бидат доделени во секоја земја каде е присутна Групацијата (Грција, Кипар, Црна Гора, Бугарија, Србија и Македонија).
Главната цел на програмата ќе биде едукација и обука на студентите, со цел да се стекнат со поширока научна основа од областа на нафтената индустрија и енергетскиот сектор. Истражувањата и предавањата на двете постдипломски програми се одвиваат на англиски јазик, преку спроведување иновативни методи кои вклучуваат семинари, едукативни посети, истражувачки проекти поврзани со енергетскиот пазар и нафтената индустрија во и надвор од Грција, со посебен акцент на поширокиот Балкан и Југоисточна Европа, каде е активна Групацијата Хеленик Петролеум.
ОКТА како дел од Хеленик Петролеум, најголемата енергетска групација во Грција и регионот, постојано инвестира во образование, истражување и иновации преку соработка со универзитети и центри за истражување во Грција и пошироко.
Повеќе информации во врска со стипендиите ќе најдете на: www.okta-elpe.comНеодамна, Групацијата Хеленик Петролеум потпиша тригодишен договор за соработка со два универзитети во Грција за следниве постдипломски п