Странското секогаш е подобро, послатко, поубаво, а кај нас нема работа, кине “беспарица”, и сите фаци само “странско” пуштаат… Сценарио од филм или македонска реалност?По завршувањето на првата сезона на Кастинг Талент Шоу, прашање на време беше кога јавноста повторно ќе може да ужива во автентичниот талент на македонските музички изведувачи.
Се појавија и забрани, за што може, а што не може да се слуша во македонскиот етер, но и без тоа, некои навики останаа исти, толку големи, што неможе да се прикријат со никакви правила, само со гласна спротивставеност.
Во поддршка на македонската музика и квалитетот на македонските талентирани изведувачи, Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски на јавноста решија да ѝ го откријат својот став изразен преку несекојдневна музичка “борба” на ставови, оригинално претставена во нивната нова заедничка песна „Немам пари“.
Во новата песна и видео запис, Сара и Дамјан заедно со квалитетната екипа предводена од актерот Тино Костадиновски и водителот Марко Новески, како и многуте статисти вклучени во целата приказна, на непрепознатлив и оригинален начин, отворено и искрено решија да го претстават своето мислење најдобро што можат – преку музиката.
“Борбата” против самосожалувањето и општествената реалност продолжува, а на фановите и јавноста им останува да се одлучат – кој е за, а кој против.
Новата песна на Сара и Дамјан изобилува со богат аранжман излеан од рацете на Лазар Цветковски, а неизоставна е уникатната изведба на гитара на Пејчиноски.
По завршувањето на првата сезона на Кастинг Талент Шоу, прашање на време беше кога јавноста повторно ќе може да ужива во автентичниот тал