Денешните македонски политички лидери се соочуваат со најголемиот тест по прогласувањето на независноста на Република Македонија, пишува бугарсиот новинар Пламен Иотински.Во продолжение колумната на Пламен, главен уредник на Агенција БГНЕС.
Двајцата главни лидери Никола Груевски и Зоран Заев треба да докажат дали се привремено феномен во политичкиот живот на земјата, што ја загрозува нејзината државност или национално одговорни државни раководители. При невиденa конфронтација, која трае над 2 години ,, Груевски и Заев во пракса добија поддршка од над 80% од избирачите.
Во исто време лидерите на три албански партии, кои вкупно имаат само со 20 пратеници во 120-члениот парламент, се претворија во најголемиот фактор во државата. А една од нив, која се смета за исламистичка – Движењето “Беса” – дури раздава судски казни за македонските политичари.
На Божиќ Али Ахмети, Билал Касам и Зинедин Села размножија декларација од 7 точки со повик за промена на уставот, државното уредување и ни повеќе, ни помалку, прогласувањето на Албанците за најважниот фактор во државата. Политичката суровост стигна до таму дека тројцата побараа македонскиот парламент да усвои декларација за геноцидот над Албанците во периодот од 1912 до 1945 година. Сигурно поради сопственото „југословенско минато” дел од овие лидери го пропуштаат фактот дека во тоа време се врши најголем не албански, туку друг геноцид од Српско-хрватската Кралство.Во случајот не се потребни дополнителни спорови, бидејќи приказната одамна е завршена за периодот кога Македонија беше нарекувана од властите во Белград- “Јужна српска бановина”.
Не е и толку важно кој ќе управува со Република Македонија понатаму. Клучното прашање е какво ќе биде однесувањето на Груевски и Заев и дали тие се бранители на „македонската платформа”. Ако продолжат да се однесуваат како партизанските водачи и диктатори од 1945 години, тие ќе нанесат удар против независноста и иднината на Македонија, за која се паднати илјади нивни роднини, блиски, пријатели …
Груевски и Заев треба да имаат заеднички визии за државата, кои не подлежат на преговори. Двајцата многу јасно и отворено треба да се произнесат во однос на албанската платформа од 7-ми јануари и директната и отворена интервенција на Албанија во внатрешните работи на Македонија. Груевски мора да најде храброст и да се раздели со лицата кои, на крајот, го донесоа во оваа политичка криза. Зоран Заев ќе треба да престане да го оспорува легитимитетот на одделните државни институции, а особено на претседателот. Инаку како ќе сака да управува „со мандат добиен од претседател кој не го признава”? Двајцата ќе треба конечно да се ослободат од комплексите од 1945-та година – да се срамат од своето минато, од роднините и да ги мразат своите браќа. Двајцата треба да се ослободат и од меѓународниот политички фактор.
Македонија има многу повеќе заслуги да биде дел од Северноатлантскиот заедница и од трите поранешни југословенски републики кои веќе се дел од овој пакт. Таа го докажа тоа со мировниот начин на напуштање на поранешната федерација, директно учествува во спасувањето на стотици илјади косовски Албанци при депортациите од режимот на Слободан Милошевиќ, а пред само една година беше главен фактор во запирањето на „балканскиот правец” за нелегални мигранти. Сите овие заслуги нема како да бидат капитализирани од Република Македонија, ако локалните политичари се водени од лична омраза. Сето ова служи на странски интереси, но не и македонските. Во продолжение колумната на Пламен, главен уредник на Агенција БГНЕС.
Двајцата главни лидери Никола Груевски и Зора