Како што можете да видите удбашот Чанчаревиќ не бил мирен кога се работело за политичките наистомисленици. Тој активно комбинирал со луѓе, вклучувал луѓе во кодошката мрежа, се со цел да знае се за своите жртви. И не само тоа, туку и предлагал активни мерки да им го загорчи животот што е можно повеќе. Не застанувал пред ништо. Во претходните текстови ние посочивме дека тој има дебело досие на злоставување на македонските патриоти, секаде каде што ќе ги намирисал. Заедно со лустрираниот удбаш Бабамоски работеле во тандем на посветено уништување на патриотизмот на македонците кои никогаш не се откажале од идејата за слободна, независна и обединета Македонија.
Прочитајте повеќе: КОЈ Е ЧАНЧАРЕВИЌ
Самата помисла на вакво нешто, за него била одвратна. Тој бил југословенски џак, идбашко чедо. Задоен против Македонија и македонството, ако само намирисал крв знаел да ци ја исцица. Погледнете ги документива кои ги пронајдовме на социјалната мрежа „гугл плус“. Тие покажуваат дека нема за него метода која е недозволена. Влегува во интимата на жртвите и чека. Чека да ги начека за да има кривични пријави, притвори, затвори и мачење.
Прочитајте повеќе: „ДОКАЗИТЕ“ НА ЧАНЧАРЕВИЌ! зА ШТО АПСЕА УДБАШИТЕ
Како што сме запознати ова е само мал дел од сведоштвата кои ги имаат дадено жртвите. Истите ќе бидат наскоро објавени, а дел ги објави и ДАРМ во монуманталната едиција „Црните страници на УДБА“ кон крајот на минатата година. Таму на 13.500 страници беа опфатени 202 досиеја на жртви но и на џелатите. Како и да е, тоа е многу мал процент од се она што се наоѓа како сведоштво во архивот но и по приватните архиви низ Македонија.Ние почитувани читатели, кои ни ја давата довербата, за вас ќе ги истражиме и ќе ви ги доближиме во целост. Имате право да ја знаете сокриената историја. Тој активно комбинирал со луѓе, вклучувал луѓе во кодошката мрежа, се со цел да знае се за своите жртви. И не само тоа, туку и предлагал акти