Според кажувањата на некои кои се нашле под чизмата на удбашот Чанчаревиќ, на почетокот на девеесетите години, насловот во кратко ја сублимира неговата активност, иако ни оддалеку не може да ги опише злосторот доволно пластично.Претходно објавивме, но да се потсетиме дека по осамостојувањето на Македонија, тајните служби и нивните извршители не мирувале. Односно продолжиле да работат несметано. Иако токму осамостојувањето на нашата држава требаше да значи и прекин на прогоните кои беа спроведувани 45 години против македонските патриоти кои никогаш не ја напуштија идејата за посебна, самостојна држава на Македонскиот народ, онака како што беше во прогласот на заседанието на АСНОМ во 1944 година.
Па така сведоштвата, во пишана форма, како досиеја на УДБа и аудио материјали кои се запишани говорат за невидени ѕверства направени во целиот период. Зачудува тоа што не престанале ни по 1991 година, односно осамостојувањето на републиката. Напротив, во некои наврати и дополнително се засилени. За тоа постојат многу конкретни докази. Ние за нашата публика се потрудивме сите да ги обезбедиме. Но, поради обемноста сме приморани да ви ги приредиме во повеќе продолженија.
Првиот документ кој е објавен на интернет се однесува на далечната 1974 и иследувањето на Димитар Јоновски. Човекот е обвинет само за тоа што објавил песна за Егејска Македонија. Таа била „инкриминирана“ и авторот бил подложен на малтретирање и кривично иследување. Ако ова не е „ждановизам“ кажете што е?! Предмет на истрагата биле запленувања на книги, како и проверка да не залутала некоја копија некаде каде што не може да биде контролирана. Сето ова е работено од удбашот Чанчаревиќ. Кој долги години потоа ќе го работи истото. Но за тоа во наредните продолженија.
Претходно објавивме, но да се потсетиме дека по осамостојување
Пронајдете не на следниве мрежи: