Македонскиот бизнисмен и професор Кочо Анѓушев, своите искуства од деловното работење, меѓународната експертиза и мислење за перспективите на македонската економија ќе ги изнесе на неколку панел дискусии, во земјава и во странство.Во склоп на конференцијата „Перспективи 2016“, на панел дискусијата Гласот на бизнисот, проф. Анѓушев низ развојот на Фероинвест Групацијата ќе ги изнесе најголемите достигнувања во рамки на македонската економија во изминатиот период и најголемите предизвици.
Низ работењето на Фероинвест на домашен и меѓународен план, ќе бидат дискутирани и ризиците на македонските компании како и можностите и предизвиците за следниот период. Од аспект на сопственото искуство, посебен осврт професорот Анѓушев ќе даде на опциите македонските компании да инвестираат во странство и користење на берзата како извор на финансирање.
Кочо Анѓушев во функција на Главен извршен директор на Фероинвест Групацијата, во овој период свое експозе има и на конференцијата на ЕБОР, Европска банка за обнова и развој во Приштина и на Министерската конференција и панел дискусија организирана од Меѓународната финансиска корпорација (IFC) под Светска Банка.
Во склоп на конференцијата „Перспективи 2016“, на панел дискусијата Гласот на бизнисот, проф. Анѓушев низ развојот на Фероинв