LA DAMA и Ирина Тошева со лимитирана серија производи во акција за помош на бездомните животни

Македонскиот бренд за женски и детски хулахопки и чорапи со специјален, тематски дизајн и пакување на своите производи се вклучува во поддршката на иницијативата за помош на бездомните животни. Во склоп со годинешното издание на Вегефест 2016, што ќе се одржи на 30 октомври, во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје, LA DAMA и Ирина Тошева ќе ја претстават на продажба својата лимитирана колекција женски и детски хулахопки. Триесет проценти од секој продаден пар од оваа серија производи, LA DAMA и Ирина Тошева ќе ги наменат за помош на бездомните животни.Со оваа акција продолжува и соработката на брендот LA DAMA и модната дизајнерка Ирина Тошева, која се јавува како потписник на оваа лимитирана серија производи. Двата македонски бренда досега заедно работеа на повеќе проекти, а овој пат инспирирани од животните, ги здружуваат силите со цел собирање што повеќе средства за помош на бездомните животни.
LA DAMA е бренд на женски и детски хулахопки и чорапи, како дел од домашна компанија со 24 годишна традиција на производство на хулахопки и чорапи во Република Македонија. Досегашно портфолиото на брендот LA DAMA се состои од 16 производи како класични свилени хулахопки, микрофибер хулахопки во различни дебелини, транспарентни хулахопки со сатенски сјај и 21% ликра, перлон хулахопки во различни дебелини, детски перлон хулахопки, свилени и перлон доколенки и кратки чорапчиња.
Производите на LA DAMA можат да се најдат во супермаркетите Супер Тинекс, Веро, Рамстор и Туш, во локалните маркети Прима Центар, Киси Трејд, Хоризонт-Струмица, Дијана маркети, ТД-ТД маркети, и многу други, како и во специјализирани продавници за чорапи и интимна облека.Со оваа акција продолжува и соработката на брендот LA DAMA и модната дизајнерка Ирина Тошева, која се јавува како потписник на оваа лимит

Пронајдете не на следниве мрежи: