Двојна победа на Еуроспорт на доделувањето на Телевизиските спортски награди

Еуроспорт на TV Sports Awards 2016 е прогласен за најдобар спортски канал (Best Sports Broadcaster) како и наградата за канал со најдобар договор за пренос на фудбал односно наградата Best TV Football Rights Deal, што потврдува дека спортот ја препозна трансформацијата на Еуроспорт и насочувањето кон пренесување на ексклузивна спортска програма и локализирани содржини.TV Sports Awards секоја година доделува признание на најдобрите спортски медиуми, а на свеченото доделување присуствуваа претставници на најистакнатите организации и лидери од спортско-медиумската индустрија. 
Питер Хатон, главниот извршен директор на Еуроспорт изјави:„ Голема привилегија е две години по ред да ја добиваме оваа престижна награда. Таа покажува колку гледачите и спортската индустрија ги ценат промените кои се случуваат во Еуроспорт и нашата посветеност да осигураме врвна содржина, а во исто време да сме и локално релевантни за навивачите. Признанието за правата за пренос на Бундеслигата во Германија е сјаен пример дека нашата филозофија ја спроведуваме на дело, бидејќи на навивачите им овозможуваме следење, за нив, на незаменлива содржина.“
„Зад нас е година на иновација- ние сме прва спортска платформа на пазарот со апликација за виртуелно следење на содржините (VP app), ја збогативме содржината со видеа со експерти кои соборуваа рекорди како оние со Ерик Кантона. Подготвуваме уште многу новини, станавме „Дом на Олимписките игри“, а за навивачите ќе продолжиме да осигуруваме врвна спортска содржина која вистински ќе ги интересира.“
Бундеслига
The Best Football TV Rights Deal, е награда за договорот меѓу Еуроспорт и ДФЛ од јуни 2016, според кој за прв пат во Германија се осигурани ексклузивните права за пренос на Бундеслигата на платформите на Еуроспорт. Четиригодишниот договор осигурува ексклузивен пренос на 40 натпревари по сезона започнувајќи од 2017/2018.
Еуроспорт и мината година ја освои оваа награда за договорот кој го направи Дискавери Комуникејшнс и ги осигура ексклузивните права за пренос на ОИ од 2018 година.
Дом на Гранд Слем тенисот
Во август 2016, Еуроспорт го зајакна својот статус на „Дом на Гранд Слем тенисот“, со договорот за пренос на Вимбелдон во 16 нови земји. Така, од 2017, Еуроспорт ќе ги пренесува сите четири турнири во 25 европски земји. Ова е значајно проширување на правата ако се земе во предвид дека до 2014 година Еуроспорт немаше никакви права за пренос на Вимблдон.
Поврзување со спортските великани
Минатата недела Еуроспорт објави дека Тина Мазе, двојната олимписка победничка, станува заштитно лице за зимската сезона и преносот на ЗОИ. Мазе ќе биде главен стручен коментатор, а во нејзиниот тим се и биатлонецот Махаил Граис со три пати освоен златен медал и легендата на скијачките скокови Адам Малиш.
Тука е и новата серија со Линдзи Вон, која на гледачите ќе им овозможи пристап до животот на славната скијачка преку серијалот „Лов на историјата“ (Chasing History) чие емитување ќе започне во февруари 2017. Серијалот ќе ја следи Линдзи Вон додека се обидува да го оствари својот сон и да го сруши рекордот по број на победи во Светскиот куп. Воедно, оваа серија претставува еден од клучните делови во припремите на Еуроспорт за пренос на ЗОИ во Пјонгјанг 2018
Летово Еуроспорт го сруши својот рекорд на дигиталните медиуми и социјалните мрежи. Ерик Кантона за време на Еуро 2016 беше „Комесар за фудбал“. Шест кратки епизоди ги имаа гледаност повеќе од 30 милиони луѓе, а четвртата епизода со „Кралот Ерик“ кој се кандитираше за селектор на Англија имаше 17,2 милиони прегледи.
Дом на бициклизмот
Еуроспорт е дом на бициклизмот бидејќи ги пренесува сите три Гранд Тур трки. Иновациите беа интегрален дел од преносите на Еуроспорт во 2016, со 360° VR филм снимен за време на трката. Еуроспорт вклучи милиони фанови на социјалните мрежи користејќи виртуелна реалност појаснувајќи ја комплексноста на бициклизмот.TV Sports Awards секоја година доделува признание на најдобрите спортски медиуми, а на свеченото доделување присуствуваа претставници на најистакна

Пронајдете не на следниве мрежи: