Една година од постоење на Јавна соба – центар за дизајн

Пpосторот во Скопје кој понуди животен дизајн, неформално образование и повеќеслојна понуда. 
Минатата година на 28. октомври официјално започна со работа Јавна соба. Веќе една година од постоењето на овој јавен простор во кој за 365 дена се реализираа 311 настани од најразличен формат: јавни дебати, прес конференции, кулинарски работилници и тематски вечери со кувари од цела Европа, фестивали, филмски проекции, базари, продажни и туристички саеми, музички настани, семинари, обуки, работилници и изложби, прослави, “team building” итн. Сето ова кажува зошто за огромен број на странски и домашни посетители Јавна соба е прв избор.
Како награда за публиката на 28.октомври се организира целовечерен настап на ДЈ Марко Настиќ, и влезот за сите посетители е слободен.
Сведоци сме дека голем број на млади професионалци, амбасадори, деловни лица, естрадни ѕвезди, уметници ја прифатија Јавна соба како свое место за состанок, деловен ручек, некои од нив го доживуваат просторот како втор дом или како катче во кое може да се работи преку целиот ден. Компании, амбасади и организации ја увидоа предноста на работење во еден неформален, неоптеретен хибриден простор, па честопати организираат “team building” активности, обуки, предавања, или чисто доаѓаат на дружење, колективен ручек, вечера и сл.
 
Вработените веќе и не помнат колку сè настани се органзирани и кој е највпечатливиот за нив. Програмскиот директор Тамара Георгиевска како најавтентични ги издвои: комшискиот фестивал “Приштина во Скопје“, фестивал кој направи спојување на два града, два различни народи кои совршено се надополнуваат со своите идеи, работа и иницијативи,  потоа, “Индонезиска кујна” со Пол Хотхаузен, изложбата “Имагинарен град” на Александар  Наумчески  како дел од Биеналето на Архитектура, цуклусот детски работилници “Звучна вселена” на Јулија Ѓорѓевиќ музичките концерти на “Фирс” и “Секстат “,  газењето на грозје на саемот за промоција на мали бизниси од Вардарски регион и промоцијата на новиот бренд “Bare origin” – органска козметика од Нена Стојова.
Неделата на дизајн во Скопје која годинава ќе се одржи од 23. До 27. ноември, 2016  конечно доби свој дом, ова е простор во кој дизајнот се развива и се промовира на голема врата во земјава, но и надвор од неа. Изминатата година на престој по 30 дена беа 9 дизајнери од цела Европа кои оставија свој печат во Јавна соба.
Оваа година на фестивалот Недела на дизајн во Скопје, благодарение на постоењето на Јавна соба, ќе бидат претставени повеќе млади брендови кои настанаа во изминатата година.
Веќе се поголем број на туристички водичи и индивидуалци ги носат странските посетители во Јавна соба. После традиционалната прошетка на Кале, Матка и Водно странците се носат во Јавна соба за да ја видат и современата димензија на Скопје.  Водичите и домаќините со гордост зборуваат за Јавна соба, како градски топоним и место во кое се инкубираат урбаната култура и навики.  
Јавна соба е простор кој нуди неформално образование, простор кој храбро се бори против сите општествени стереотипи, нуди прогресивна кујна и музичка програма, амбиент кој инспирира, оживува, стимулира инспирација и поттикнува општествен развој. Ова е прв модел на функционирање на социјално претприемништво во вистинска смисла на зборот.
Следната година фокусот се става на соработката со деловниот сектор и развој на кулинарството во земјава. Проектот “Вкусот на Скопје” вклучува готвачи од светски калибар и е прифатен одлично од страна на публиката. Програмата во 2017 година ќе промовира нови брендови, кулинарски работилници, детски работилници, модно катче, и застапеност на повеќе производи од македонски нови, млади производители во
Секој поединец, организација или компанија кои имаат идеја за било каков креативен настан: обука, изложба, сценски настап, музичка точка, базар, саем или работилница и сл, можат да проверат зошто сите проегресивни лица во градот ја преферираат Јавна соба.
www.publicroom.org
За сите детални информации, контактирајте нè на 072 775 455 или на [email protected]
  
Минатата година на 28. октомври официјално започна со работа Јавна соба. Веќе една година од постоењето на овој јавен простор во кој

Пронајдете не на следниве мрежи: