Саем за студии и туризам „Добредојдовте во Франција!“

Францускиот институт во Скопје  известува дека денес, 27 октомври 2016 година, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски – Скопје“ ќе се одржи Саем за студии и туризам „Добредојдовте во Франција!“Ве покануваме на свеченото отворање на овој настан во 12 часот, со пригодните говори на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на РМ во Макеоднија, и на Пиштар Лутвиу, Министер за образование и наука на РМ. (чие присуство треба дополнително да се потврди).
Саемот е одлична прилика за запознавање со сите можности за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практични прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети, потоа за здобивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис, и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор.
Освен информации за студии во Франција,  на овој ден ќе биде претставен туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на три региони: Корзика, Нормандија и Алзас. 
Освен споменатото, ќе бидат организирани и работилници за подготовка на CV и мотивациско писмо, кои ќе бидат отворени за посетителите на Саемот
Во приложените програма на настанот.Ве покануваме на свеченото отворање на овој настан во 12 часот, со пригодните говори на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на РМ во

Пронајдете не на следниве мрежи: