Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!“

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести дека в четврток, 27 октомври 2016 година, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе се одржи Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!“.Ве покануваме на свеченото отворање на овој настан во 12 часот, со пригодните говори на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на РМ во Македонија, и на Пиштар Лутфиу, Министер за образование и наука на РМ (чие присуство треба дополнително да се потврди).
 Саемот е одлична прилика за запознавање со сите можности за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практични прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети, потоа за здобивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис, и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор.
Освен информации за студии во Франција,  на овој ден ќе биде претставен туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на три региони: Корзика, Нормандија и Алзас.
 Воедно, бидат организирани и работилници за подготовка на CV и мотивациско писмо, кои ќе бидат отворени за посетителите на СаемотВе покануваме на свеченото отворање на овој настан во 12 часот, со пригодните говори на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на РМ во

Пронајдете не на следниве мрежи: