Дискавери Комуникејшнс во спас на тигрите

Дискавери ја најави соработката со World Wildlife Fund (WWF), кој Дискавери ќе го финансира и ќе помогне во заштита на терен од 4000 km². Се работи за живеалиште на тигрите во Индија и Бутан, чија заштита е клучна за одржување на популацијата на тигри во дивината.„Глобалното движење на заштита на тигрите доби поддршка за терен од 4000 km²“ изјави Дејвид Заслав, претседател и главен извршен директор на Дискавери Комуникејшнс. „Дискавери е компанија која ги покренува работите. Повеќе од 30 години нашите камери се во сите делови на светот, ја документираат и ја запознаваат публиката со убавините и чудата на природата, со програмите како што е „Планетата Земја“. За жал, забележаа и во каква тешка состојба се голем број растителни и животински видови. Денес одиме чекор подалеку, за да ја заштитиме една од најубавите, а најзагрозените животински видови. Нема да дозволиме овие прекрасни животни да исчезнат. Ќе ја поддржиме оваа акција преку нашите глобални брендови и платформи со цел до 2022 година да се дуплира популацијата на тигри во дивината.“
Само во последните 100 години, популацијата на тигри во дивината поради губење на живеалиштето е намалена за 96%, оносно на помалку од 4000 единки.
Спонзорството на Дискавери над граничното подрачје на кое работат на зачувување на тигрите World Wildlife Fund и владите на Индија и Бутан, ќе овозможи на чуварите подобро следење на здравјето на животните, поефикасна борба против крволовот и одржување на просторот неопходен за движењето на животните.
Напорот вложен во дуплирањето на бројот на тигрите, вид кој е на врвот на синџирот на исхрана, во исто време ќе ги заштити и други животни и ќе произведе здрав еко-систем. Повеќе за проектот може да дознаете на discovery.com/projectCAT.
Со спонзорството на живеалиштето, Дискавери со својата креативност и глобалната мултиплатформска дистрибуција на своите канали кои допираат до 3 милијарди луѓе, ќе влијае во потикнувањето на луѓето ширум светот го поддржат проектот, за до годината на тигарот во 2022 год., нивната популација да биде двојно поголема.
Дискавери покрена и снимање на нов документарен филм за тигрите, чија премиера е планирана за 2018 година.„Глобалното движење на заштита на тигрите доби поддршка за терен од 4000 km²“ изјави Дејвид Заслав, претседател и главен извршен д

Пронајдете не на следниве мрежи: