Вечер на француска музика и поезија со поетесата Лор Камбо

Францускиот институт во Скопје и Музејот на град Скопје имаат чест да ве информираат дека в среда, 19 октомври 2016 година, во 20 часот, во Музејот на град Скопје, ќе се одржи вечер на француска музика и поезија „Патување низ стихови и музика“ со поетесата Лор Камбо.На програмата се дела од Ерик Сати, Франсис Пуленк, Бела Барток, Ејтор Вила-Лобос, Луј-Моро Готшалк, како и читање на извадоци од поеми на авторката.
Лор Камбо e пијанистка и поетеса, која настапува со бројни лирски изведувачи, а нејзините стихови се присутни во голем број списанија и антологии. По настапот во Скопје, таа ќе учествува на Фестивалот на поезија “Наим Фрашери“ во Тетово, од 20 до 24 октомври 2016.
Во приложените документи ќе пронајдете електронска покана за настанот.
Однапред ви благодариме на објавувањето на информацијата во вашиот медиум.На програмата се дела од Ерик Сати, Франсис Пуленк, Бела Барток, Ејтор Вила-Лобос, Луј-Моро Готшалк, како и читање на извадоци од поеми на авторкат

Пронајдете не на следниве мрежи: