Некои работи што не сте ги знаеле за околината на Пехчево – I

Периферијата на Македонија крие во себе многу интересни особености, места и приказни коишто чекаат да бидат откриени и раскажани. Посебно интересна дестинација за задоволување на авантуристичкиот дух, како и за запознавање со единствените природни знаменитости е градот Пехчево и неговата околина. Малото гратче лоцирано на крајниот Исток од државата изобилува со долга и богата историја и живописна природа.Една од нив е посебно интересната и поврзана со многу старо предание, Вртена скала. Оваа природна карпеста формација е на само 7 километри од Пехчево, во пазувите на Буковик и врвот Орловец. Со карактеристичен изглед, оваа формација од површината на земјата се издига во висина од околу 5 метри, а на средишниот дел има отвор широк околу 0,6 метри и долг околу 2,5 метри. Отворот има неправилна форма и е природно настанат.

 
За постоењето на Вретената скала поврзано е многу старо предание, па дури и ритуал што се изведувал во дамнешни времиња. Кај локалното население постои верување дека карпата има некаква моќ, па според усните преданија, уште одамна се верувало дека протнувањето низ карпата помага за плодноста на семејството и на малите деца кои страдаат од лоши соништа или од несоница. Ова место е лесно достапно за посетители и пристапот до карпата е уреден и безбеден.

 
Планинскиот воздух освежува, погледот во природната убавина ги одмора очите, а бројните билки, со мирисите што ги ослободуваат, заведуваат и исцелуваат. Во Пехчево се наоѓа и новоотворениот Хотел Гогов, чиишто капацитети и содржини ги задоволуваат и најпребирливите вкусови. Покрај одличниот планински амбиент, исклучителната услуга и храна, како и спа и фитнес центарот, при вашиот престој во Хотел Гогов ќе добиете и препорака за организација на различен тип планински тури низ магичната природа на Пехчево и околината.  Една од нив е посебно интересната и поврзана со многу старо предание, Вртена скала. Оваа природна карпеста формација е на само 7 километр

Пронајдете не на следниве мрежи: