Основен курс по астрономија 2016

Астрономскиот центар Орион од вторник, 4 октомври од 20:00 часот организира Основен курс по астрономија на Архитектонскиот факултет во Скопје.Курсот се содржи од 15 предавања со сите основни теми и концепти од астрономијата, две предавања во Планетариумот и теренско набљудување со телескопи.Овој визуелно богат курс кој изобилува со многу фотографии, слики и анимации е замислен да обезбеди нетехничко објаснување на модерната астрономија, вклучувајќи ја структурата и развојот на планетите, ѕвездите, галаксиите и Универзумот како целина. Курсот ја опфаќа целата материја за основите на астрономијата, објаснети и презентирани низ примери аналогни на нашето опкружување. Во последните десетина години оваа наука доживеа голема експанзија, развој и усовршување.Курсот е концентриран на најважните и највозбудливите аспекти во астрономијата и методите кои астрономите ги користат да развијат претстава за нашето опкружување. Предавањата се претставени со јасни и едноставни термини, детално објаснување како „работи“ Универзумот, и поврзаноста на сите компоненти и објекти во него, кои ќе се разгледаат и дискутираат за време на предавањата.
Повеќе детали можете да најдете на следниот ЛИНКОвој визуелно богат курс кој изобилува со многу фотографии, слики и анимации е замислен да обезбеди нетехничко објаснување на модерната астрономија

Пронајдете не на следниве мрежи: