Чивнинг кафе: Одговорноста на владеачките елити- од Шекспир до денес

Во рамки на одбележувањето на 400-годишнината од смртта на Вилијам Шекспир, Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија (MCAA) вчера организираше “Чивнинг кафе: Одговорноста на владеачките елити – од Шекспир до денес” во Јавна Соба (Public Room) во Скопје. Настанот имаше за цел да го промовира квалитетот на британското образование преку  прославување на делата оставени во наследство од оваа извонредна британски икона.Една од централните теми во делата на Шекспир е одговорноста, која провлекувајќи се низ вековите ја задржува својата важност и денес. Креирајќи врска меѓу драмите на Шекспир и денешниот модерен и динамичен свет, настанот поттикна квалитетна дискусија околу темата на одговорноста на владетелите.
На дебатата насловена “Одговорноста на владеачките елити – од Шекспир до денес” свое обраќање имаа, Беса Арифи, Вонреден професор на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, експерт по кривично право, Љупчо Петковски, експерт за политички науки, Чивнинг стипендист, Слободан Унковски, Професор по режија на Факултетот за драмски уметности, Универзитет “Св. Кирил и Методиј “во Скопје, театарски режисер, Наум Пановски, Уметнички директор на проектот Poiesis театар во Њујорк, професор на одделот за глума и култура, и театарски режисер,  модерирано од страна на Лилјана Митевска, новинар, Чивнинг стипендист.
Воедно, настанот обезбеди и одлична можност за сите заинтереирани за пост-дипломски студии во Велика Британија да се запознаат со Чивнинг стипендистите од Македонија од кои добија повеќе информации за Чивнинг стипендијата и студиското искуство во оваа земја.Една од централните теми во делата на Шекспир е одговорноста, која провлекув

Пронајдете не на следниве мрежи: