Преживување во Хрватска

Eпизодата од серијалот „Голи и престрашени“ која се снимаше во Копачки Рит премиерно на ДискавериВо Хрватскиот национален парк Копачки Рит е снимена новата епизода  на серијалот „Голи и престрашени“ која Дискавери премиерно ќе ја прикаже во недела на 2 октомври точно на полноќ.
  Концептот е наизглед едноставен- двајца потполни странци, еден маж и една жена, се оставени на одбрана локација без храна, вода и облека. Мора да преживеат 21 ден потпирајќи се само на својата сила, а со себе не смеат да понесат ништо освен еден личен предмет. Во Копачки Рит, екипата на Дискавери ги остави Стејси Осорио и Ли Тру, со упатство дека за преживување не смеат да ловат птици и дивеч. Стејси искуството од снимањето во Хрватска ќе го памети цел живот по несреќата која ја преживеала, а која можела  да заврши кобно. Среќниот крај на приказната го должи на добрите луѓе од Хрватска и во нивна чест ја истетовирала картата на Хрватска.
  Природните убавини на Хрватска се идеална локација за снимање на популарни серијали за преживување. Дискавери каналот ги искористи националните паркови Копачки Рит и Велебит оваа година како локација за снимање на две серии за преживување: „Голи и престрашени“ и „Преживување во двојки“, чии премиери ги очекуваме во ноември.
Репризата на епизодата снимена на Копачки Рит може да ја проследите на 9 октомври во 23 часот.

Преживување во Хрватска
Eпизодата од серијалот „Голи и престрашени“ која се снимаше во Копачки Рит премиерно на Дискавери

2 октомври | 00:00 ч. |Discovery Channel
Во Хрватскиот национален парк Копачки Рит е снимена новата епизода  на серијалот „Голи и престрашени“ која Дискавери премиерно ќе ја прикаже во недела на 2 октомври точно на полноќ.

  Концептот е наизглед едноставен- двајца потполни странци, еден маж и една жена, се оставени на одбрана локација без храна, вода и облека. Мора да преживеат 21 ден потпирајќи се само на својата сила, а со себе не смеат да понесат ништо освен еден личен предмет. Во Копачки Рит, екипата на Дискавери ги остави Стејси Осорио и Ли Тру, со упатство дека за преживување не смеат да ловат птици и дивеч. Стејси искуството од снимањето во Хрватска ќе го памети цел живот по несреќата која ја преживеала, а која можела  да заврши кобно. Среќниот крај на приказната го должи на добрите луѓе од Хрватска и во нивна чест ја истетовирала картата на Хрватска.
  Природните убавини на Хрватска се идеална локација за снимање на популарни серијали за преживување. Дискавери каналот ги искористи националните паркови Копачки Рит и Велебит оваа година како локација за снимање на две серии за преживување: „Голи и престрашени“ и „Преживување во двојки“, чии премиери ги очекуваме во ноември.
Репризата на епизодата снимена на Копачки Рит може да ја проследите на 9 октомври во 23 часот.

Во Хрватскиот национален парк Копачки Рит е снимена новата епизода  на серијалот „Голи и престрашени“ која Дискавери премиерно ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: