Хербалајф и Специјалната Олимпијада најавија фитнес соработка вредна 1 милион долари

Скопје – (26.09.2016) – Глобалната нутриционистичка компанија Herbalife Ltd. денеска најави 1 милион долари вредна соработка со Специјалната Олимпијада, со цел да ја поддржи фитнес програмата на организацијата низ целиот свет, фокусирана на зголемување на физичката активност и подобрување на исхраната и хидратацијата.Користејќи го глобалниот нутиционистички тим на Хербалајф, составен од повеќе од 300 научници и 36 доктори на науки, специјализирани за исхрана и спортски перформанси, компанијата ќе ја позајми својата експертиза за здрава исхрана и едукативни содржини, вклучувајќи видеа и други материјали за тренерите, спортистите, даватели на нега и поширокиот персонал на Специјалната Олимпијада.
„Специјалната Олимпијада е повеќе отколку само спортско натпреварување“, рече Кајл Вошбрн, Фитнес директор на Специјалната Олимпијада. „На нашите спортисти им доближуваме заедница којашто ги поддржува во спортот, во здравјето и во фитнесот.“
Како дел од спонзорството, Д-р. Дана Риан, Сениор менаџер за спортски перформанси и едукација во Хербалајф, ќе ѝ се придружи на Глобалната фитнес единица на Специјалната Олимпијада, со цел да донесе дополнителна перспектива и експертиза за поддршка на спортистите на Специјалната Олимпијада, тренерите, семејствата и поддржувачите. Помагајќи за понатамошно зголемување на свесноста за важноста на здравата исхрана и за живеење здрав и активен живот, бројни Хербалајф нутритивни, протеински производи ќе го носат логото на Специјалната Олимпијада на селектирани глобални пазари. Глобалната фитнес единица е меѓународно тело составено од фитнес експерти и спортисти кои соработуваат за да ги подобрат перформансите и здравјето на спортистите на Специјалната Олимпијада, во текот на фитнес подготовките.
„Нашата мисија е да ја доближиме здравата исхрана до луѓето низ целиот свет и да дадеме поддршка за оние што тежнеат кон прифаќање на здравиот, активен начин на живот“, рече Мајкл О. Џонсон, Генералниот извршен директор на Хербалајф. „Нашата глобална Хербалајф заедница е инспирирана од Специјалната Олимпијада и нејзините неверојатни спортисти, и ние сме горди што ги обезбедуваме со исхрана и фитнес ресурси”.
На Специјалната Олимпијада на Светските игри во 2015 година во Лос Анџелес, членовите и вработените на Хербалајф, великодушно спонзорираа околу 10 проценти од спортистите на Специјалната Олимпијада кои се натпреваруваа на Светските игри. Покрај тоа, Хербалајф донираше 280.000 нутритивни барови како и користењето на нивните објекти за регистрација и сертификација на илјадници спортисти, тренери и волонтери.
За да дознаете повеќе за Специјалната Олимпијада, Светските игри и можностите за волонтерство посетете ја страната www.specialolympics.org/Sponsors/Herbalife.aspx
За Herbalife:
Хербалајф e глобална нутриционистичка компанија што на луѓето им го менува животот од 1980 година со одличните производи. Нашите нутриционистички производи, производи за регулирање на тежината, за енергија и фитнес и за лична нега им се достапни исклучиво на и преку посветените независни Хербалајф дистрибутери во повеќе од 90 земји. Посветени сме на борбата против лошата исхрана и прекумерната тежина на светско ниво со тоа што нудиме висококвалитетни производи, со обука „еден на еден“ со член на Хербалајф и заедница што ги инспирира потрошувачите да водат здрав и активен начин на живот.
Компанијата Хербалајф ја поддржува Herbalife Family Foundation – HFF (Хербалајф семејна фондација) и нејзината програма Casa Herbalife (Куќа Хербалајф), која помага кон обезбедување на добра исхрана за децата кои имаат потреба од тоа. Исто така, спонзорираме повеќе од 190 одлични атлети, тимови и настани низ светот, вклучувајќи ги и Кристијано Роналдо, тимот ЛА Галакси, како и шампиони во многу други спортови.
Компанијата има над 8.000 вработени во светот и со нејзините акции се тргува на Берзата во Њујорк (NYSE: HLF) со нето продажба од 4,5 милијарди УСД во 2015 година. За да дознаете повеќе посетете го Herbalife.com или IAmHerbalife.com. Интернет страната на Хербалајф содржи бројни финансиски и други информации за компанијата на ir.Herbalife.com. Компанијата ги поттикнува инвеститорите повремено да ја посетат нивната интернат страна, за достапноста до нови и апдејтирани информации. За да дознаете повеќе посетете го Herbalife.com или IAmHerbalife.com.
За Специјалната Олимпијада:
Специјалната Олимпијада е глобално движење кое го ослободува човековиот дух преку трансформирачката моќ и радост на спортот, секој ден низ целиот свет. Ние ги поттикнуваме луѓето со интелектуална попреченост да бидат прифатени и ценети членови на нивните заедници, што води кон поинклузивно општество со поголема почит за сите. Употребувајќи го спортот како катализатор и планирање во поглед на здравјето и образованието, Специјалната Олимпијада се бори против неактивноста, неправдата и нетолеранцијата. Основана во 1968 година од Јунис Кенеди Шривер, движењето на Специјалната Олимпијада поддржува 32 типови на спортови и повеќе од 108.000 игри и натпревари во текот на целата година. За повеќе информации, посетете ја страната specialolympics.org/
Следете нè на: 
Twitter@specialolympics, fb.com/specialolympics, youtube.com/specialolympicshq,instagram.com/specialolympics и specialolympicsblog.wordpress.com.Користејќи го глобалниот нутиционистички тим на Хербалајф, составен од повеќе од 300 научници и 36 доктори на науки, специјализирани за и

Пронајдете не на следниве мрежи: