Регионален саем на врвни производи од Вардарскиот регион

26. и 27. септември во Јавна соба – дегустација на деликатеси, вино, музички и балетски пeрформансПонеделник, 26.септември со почеток од 12:00 па сѐ до 24:00 навечер, во Јавна соба, започнува четвртиот регионален саем на мали бизниси од Вардарскиот регион. На овој дводневен саем на кој влезот е слободен, застапени се средни, мали и микро бизниси кои промоцијата на производите ја базираат исклучиво на квалитет. 
Вардарскиот регион не e само ризница на добро препознатливи вкусови, туку е имиџот и надворешната проекција за Македонија со која сите се гордееме. Есенски вргањ, сушен и свеж, месо и сувомеснати  деликатеси, кашкавали и сирења со европски признанија за квалитет и секако виното кое се конзумира од Њујорк до Токио.
Програмата опфаќа средби со производителите и дегустација на деликатеси во текот на целиот ден. Во понеделник во 18:00ч. балерините ќе го изведат перформансот балет на грозје – газење на грозје во живо, со што ќе го одбележат почетокот на винската сезона за оваа година. Дегустацијата на нови вина од мали и веќе етаблирани винарии од Тиквешијата започнува од 18:00ч. Финалниот подарок за посетителите е предвиден истиот ден во 21:00ч. кога започнува концертот на една од најпопуларните македoнски џез бендови, групата „Фирс”.
За време на овој дводневен фестивал на вино и деликатеси ќе биде претставена новата винска рута во Тиквешијата која ќе ја збогати понудата на алтернативниот туризам, и опфаќа посета со велосипед на винариите: Тиквеш, Стоби, Попов, Бовин, Попова Кула и здружението Винотек (мали егзотични винарии). 
Влезот во Јавна соба е бесплатен, а задоволството, хуморот, перформансите и деловните средби ќе придонесат за пријатна атмосфера и поудобен престој на сите посетители. Дознајте сè што не сте знаеле за Вардарскиот регион во понеделник и вторник од 12:00 до 24:00ч. во Јавна соба!
Саемот на мали бизниси е во организација на Карана, општините од вардарскиот регион, Јавна соба и е поддржан од страна на УСАИД и Швајцарската развојна програма.Понеделник, 26.септември со почеток од 12:00 па сѐ до 24:00 навечер, во Јавна соба, започнува четвртиот регионален саем на мали бизниси од Вардарск

Пронајдете не на следниве мрежи: