Заколи ги сите, му викнал Јоанис Каравитис на Арапот од неговата банда. Од 18-те селани, оставил само еден жив и го пратил да раскажува низ селата меѓу Битола и Лерин.Иако Република Македонија често е обвинувана дека ја провоцира Грција, вистината се чини е малку поинаква. Македонија речиси две децении (за претходните четири и да не зборуваме) доследно и упорно молчи за начинот на кој Грците се стекнаа со оние 51 отсто од македонската територија, што претставува своевидено предавство кон луѓето кои спротивставувајќи се на бандитизмот на Грците, не се жалеле ниту себе си. Пред 103 години се имаат случено два колежи извршени од Грците во Македонија кои по својата бруталност можат да се споредат само со ликвидациите извршени во босанско-српската војна во Сребреница. За нив пишуваат двајца учесници во масакрите, Георгис Макрис и Јоанис Каравитис, а во Македонија обработени се во Грчката македонска борба на Крсте Битовски. Првиот колеж е извршен на планината Вичо. За него, Макрис, кој бил полуписмен Криќанец, подоцна раскажувал: На 20 мај 1905 година, заедно со Филота фативме 18 комити од с. Блаца и Вишени. Со Филота не можевме да се разбереме што да направиме со нив. Тој бараше да не ги убиваме, јас инсистирав на спротивното. Решивме да ги поделиме. Јас зедов девет и ги обезглавив веднаш. Филота ги зеде другите девет и ги пушти на слобода. Додека јас ги колев, тој се скри за да не гледа. Малку подоцна, продолжил Макрис раскажувајќи сега за вториот колеж, добивме белешка од Битола во која се бараше да убиеме во с. Кладороби (меѓу Битола и Лерин, во 1950 г. преименувано во Метаморфосис, н.з.), пет селани бидејќи ги поддржуваа комитите. Фативме 17, но само двајца беа од бараните. Другите беа селани, но сите седумнаесет ги ликвидиравме на лице место, се фалел Макрис. Овој настан попрецизно го опишал Каравитис во своите Мемоари за македонската борба. Тој зборува за 18 селани и со тоа го оставил единствениот прецизен документ за ова грчко злосторство врз Македонците. На Каравитис му биле потребни петтемина селани што ги криеле комитите, па се обидел да дознае кои се тие луѓе со распрашување. Еве како Каравитис го опишал дијалогот со македонските селани: – Кој од вас го однесе писмото во Клабучишта?- Не знам, одговараат сите.- Који им носеше леб на комитите в планина?- Не знам.- Како се вика овој? – прашувам еден за оној до него.- Не знам, ми одговара.- Како те викаат тебе?- Не знам. – Не знаеш како те викаат? – Не знам. Слушајте да ви кажам, им велам. Барем еден, можеби тој не е меѓу вас, но и да е тука, еден ќе настрада. Другите ќе се спасите. Ако не ми ги кажете вашите имиња, сите ќе бидете исечени. И почнувам пак.- Како те викаат тебе?- Не знам. Тебе?- Не знамИ сите по ред? Не знам.- Арап! – викам.- Ефенди!- Заколи ги сите!Му давам еден здрав нож што го имав. Арапинот го зема ножот, го бакнува и ми го враќа назад.- Жално е, ми вели, да се изгнаси таков нож со крвта на такви луѓе. Тие сакаат така – и зграпчи еден за коса и го удри како да удира штица.- Не бре така, не е тоа начин, му велам. И им реков, на битолчаните ножот да им го забиваат на левата страна и кој ќе остане жив, алал да му е…Потоа, Каравитис од 18-те селани само еден оставил жив и му рекол: Оди во околните села и кажи им да пренесат дека кој ќе принуди Грк да се откаже од својата вера и од својата нација, во неговата куќа не ќе им оставам ниту жива мачка, раскажувал Каравитис. Така се случиле овие два колежи таму некаде кон крајот на мај и почетокот на јуни 1905 година. А, луѓето од село Кладороби можеле да се спасат. Се што требало да направат е да го предадат тој едниот. Или пак да кажат дека се Грци. Нивниот избор бил поинаков.Иако Република Македонија често е обвинувана дека ја провоцира Грција, вистината се чини е малку поинаква. Македонија речиси две децении (за претхо
Пронајдете не на следниве мрежи: