PARK[ing] DAY во Битола

На Плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола во тек е меѓународниот настан „Паркинг ден“. Покрај младите архитекти од „Урбан лаб“ кои се иницијатори и главни организатори, настанот го посетуваат и голем број ученици, граѓани и други гости од сите возрасни групи кои даваат свои идеи, предлози и сугестии.Настан исполнет со многу ентузијазам и креативна енергија. Крајната цел на организаторот на настанот е да се стимулира создавање и одржување на што повеќе зелени површини, како и искористување на отпадниот материјал кој во себе не содржи штетни состојки, негово рециклирање и креирање на нова урбана опрема во функција на секојдневното живеење на граѓаните.
Една таква идеја која започнува денес, а треба да биде завршена напролет е конструкција и поставување на соларна клупа, која што граѓаните ќе можат да ја користат за полнење на мобилни телефони, компјутери и слично.
PARK(ing) DAY е глобален настан што се оддржува еднаш годишно, за време на кој, паркинг места привремено се трансформираат во мали урбани оази.
Настанот е поддржан од Општина Битола, ЈКП Комуналец, Градски паркинзи – Битола, ИФФК Браќа Манаки – Битола, НУ Центар за култура – Битола, Битола на точак, Merci и Tchibo.
 Настан исполнет со многу ентузијазам и креативна енергија. Крајната цел на организаторот на настанот е да се стимулира создавање и одржув

Пронајдете не на следниве мрежи: