САНДИ ВОВК: МУЗИКАТА Е ЈАЗИК КОЈ СИТЕ ГО РАЗБИРААТ

17-ТО ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ “ТРА ЛА ЛА”Млади музички таленти од 17 држави во светот настапуваат во рамките на 17-тото издание на Интернационалниот музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА”во Битола. Покрај учесниците од  Македонија, на фестивалот настапуваат солисти и делегации од Шведска, Словенија, Србија, Романија, Португалија, Црна Гора, Молдавија, Малта, Литванија, Косово, Израел, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина и Белoрусија.
 
Синоќа, на првата натпреварувачка вечер на фестивалот публиката имаше можност да слушне врвни млади изведувачи кои настапија со песни на мајчин јазик, рече денеска на прес конференција претседателот на меѓународното жири на фестивалот Санди Вовк од Словенија.
 
“Да се одржи еден фестивал цели 17 години е многу тешко.  Затоа сакам да и честитам на Битола и на организаторите на фестивалот што тоа го прават толку долго време и тоа со висок квалитет и со изведувачи од многу земји. Тоа е големо достигнување. Овој фестивал во Битола ја носи музиката од сите страни на светот, а музиката е јазик кој сите го разбираат.”-рече Вовк.
 
Фестивалот во организација на Асоцијацијата за уметност “Алексовски”, се одвива во три натпреварувачки дела во Народниот театар и Центарот за култура во Битола.
 
“Учесниците настапуваат во живо во пет возрасни категории од 7 до 25 години. Импресионирам сум од тоа што во сите категории има многу квалитетни пејачи, а тоа можевме да го слушнеме на првата натпреварувачка вечер. Вечерва очекувам уште подобри изведби. Секоја година на фестивалот учествуваат солисти од голем број држави во светот презентирајќи ја својата култура, разменувајќи искуства и ширејќи го духот на културната соработка, со што фестивалот прераснува во една од најголемите манифестации од овој тип во Европа. Со заложбите на сите учесници на сцена низ сите овие години покажавме дека фестивалот и со скромна поддршка опстојува цели 17 години. Тоа за нас е голем предизвик, но и задача од која нема да отстапиме.”-рече денеска на прес конференција во Битола раководителот на фестивалот Тони Алексовски, кој е член во жири комисијата на десетина фестивали ширум светот и амбасадор на детскиот мир од Светската асоцијација на фестивали и уметности WAFA.
 
Гала концертот со победничките композиции, како и со популарни гости и звезди од македонската естрада и учество на културно –  уметнички друштва ќе се одржи на 13 август со почеток во 18 часот во Големата сала при Центарот за култура во Битола, кога ќе бидат доделени и наградите на фестивалот.
 
За време на фестивалските денови, покрај музичкиот дел, предвидено е учесниците од странство да се запознаат со убавините и културата на Македонија заради што за сите учесници ќе бидат организирани посети на Охрид и Свети Наум, Пелистер, античкиот локалитет Хераклеја, Националната установа Завод, Музеј Битола и други места значајни за македонската култура и историја. Денеска учесниците на фестивалот го посетија храмот “Свети Димитрија” во Битола.
 
Инаку, фестивалот “ТРА-ЛА-ЛА” е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и општина Битола. 
 Млади музички таленти од 17 држави во светот настапуваат во рамките на 17-тото издание на Интернационалниот музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА&rdquo

Пронајдете не на следниве мрежи: