Радио Москва за македонското прашање 28 април 1947 год.

Иако препознаени и признати како посебен народ, македонското прашање како и тогаш така и денес сеуште преставува незавршена приказна.о барање на американскиот преставник во Комисијата при Советот за безбедност – Етриџ да се разгледаат обвинувањата на Грција дека Југославија и Бугарија се подготвуваат да ја отцепат Егејска Македонија од Грција и категоричното спротивставување на Советскиот преставник во Комисијата Лавришчев, на 28 април 1947 година Радио Москва го пренесува официјалниот став на Москва за македонското прашање. Како што пренесува „Работническо дело” од 29. IV.1947 година, во коментарот на Радио Москва се истакнува:
„Како што е познато, американскиот претставник во Комисијата при Советот за безбедност – Етриџ предложи комисијата да ги продискутира клеветничките грчки обвинувања дека Југославија и Бугарија божем се подготвувале да ја отцепат од Грција Егејска Македонија. Советскиог претставник во комисијата Лавришчев категорично се противстави да се дискутира по тоа прашање, изјавувајќи дека така, како што е поставено од Етриџ, прашањето има територијален карактер и затоа не е во компетенцијата на комисијата. Лавришчев истакна дека ако македонското прашање може да биде поставено на разгледување од комисијата, тоа е исклучиво во врска со гонењето на македонското население од страна на грчките власти.
Македонските Словени во Грција активно се бореа заедно со грчкиот народ против фашистичките окупатори, надевајќи се дека по ослободувањето ќе добијат исти права со сите граѓани на земјата. Но, монархофашистичката управувачка клика во Грција не само што не им даде рамноправност на Македонците, туку ги лиши од нивните елементарни права. На Македонците им е забрането да говорат на својот мајчин јазик. Во цела Егејска Македонија нема ниту едно национално македонско училиште. Стотници македонски села се изгорени сосема од монархистичките банди, а имотите на жителите се ограбени. Според нецелосни податоци, околу 30.000 Македонци се фрлени во затвори и концентрациони логори. Спасувајќи се од грабежите и теророт, десетици илјади македонски фамилии биле принудени да ја напуштат својата родна земја и да бараат засолниште надвор од границите на Грција. Со цел да се замаскираат сите тие злосторства и да се одвлече од нив вниманието на демократската јавност, во Атина беше исфабрикувана лажната верзија, дека Југославија и Бугарија божем ја распалувале граѓанската војна во Егејска Македонија со цел да ја откинат од Грција.
Во текот на многу години империјалистичките држави ја искористија Македонија за да го разгоруваат непријателството меѓу балканските држави.
По уништувањето на фашизмот, по воспоставувањето на демократскиот режим во балканските држави, со исклучок на Грција, македонскиот народ доби полна можност за слободно рамноправно постоење. Во Југославија е создадена Македонска република, која е рамноправна со другите пет републики што влегуваат во составот на југословенската федерација. Македонците успешно ја развиваат својата национална култура, уметност и литература. Македонскиот јазик стана државен јазик, на кој се издаваат весници, списанија и на кој се предава во училиштата. Отворени се македонски гимназии и македонски универзитет. Целиот југословенски народ им помага на Македонците да го обноват своето разурнато стопанство.
Исто така на таков демократски пат, базиран врз почитувањето на правата на народите, е решено националното прашање во Бугарија, Романија и Албанија. Тоа го овозможува зацврстувањето на пријателството помеѓу нив. Само политиката на грчките монархисти, грижливо поддржувана однадвор, ги воскреснува поранешните империјалистички методи за распалување на националните непријателства.“
Во коментарот на Радио Москва, не може да се препознае вистинскиот став на Американците по однос на македонското прашање. Малку наши историчари ги истражувале американските архиви за да дадат прецизен одговор за ставот на американската политика  по однос на Македонија од овој период, иако американскиот интерес за Македонија започнува уште од времето кога четата на Јане Сандански ја киднапира Мис Стон.
Американскиот печат, не само што ќе го проследи со посебно внимание овој настан, туку потоа ќе ги следи настаните за време на Илинденското востание, Балканските војни, Првата и Втората светска војна. Статиите објавени во американскиот печат најчесто се со позитивен контекст во однос на Македонците и Македонија. Ваквиот пристап ќе предизвика големо внимание кај американската јавност, а со пари на невладина организација ќе се формира познатата Корнегиева комисија која потоа ќе ги истражува злосторствата за време на Балканските војни, кога Македонија беше поделена.
Меѓутоа и покрај вниманието што му го посветуваат американските весници за настаните на Балканот, САД пред Втората светска војна немаат јасен став за македонското прашање. Бидејќи не располагаат со сопствена служба за известување, најголем дел од информациите ги добиваат од Велика Британија, чии агенти нашироко делуваат на Балканот.
Пред крајот на војната кога САД во јуни 1944 година испраќа своја мисија, Американците го формираат своето мислење за македонското прашање.  Во анализата од 8 јули 1944 година, во врска со југословенската федерација, изработена од страна на Канцеларијата за стратегиски служби на САД се вели дека:  „Македонија дефинитивно не припаѓа кон српската единица. Етнички, национално, општествено, психолошки и историски Македонците се разликуваат од Србите… Не се ниту Албанци, ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби “ и тие сметаат дека Македонците кои се разликуваат од сите соседни народи треба да се обединат.  Според оваа анализа, формирањето македонска национална држава би можело да се спроведе со обединување на сите Македонци кои живеат во Југославија, Бугарија и Грција, во една единица што би била дел од југословенската федерација
Меѓутоа, ваквиот американски став го крева алармот кај Британците кои бранејќи ги своите интереси на Балканот испраќаат меморандум до САД. Во него тие објаснуваат што ќе се случи доколку Македонците се обединат во самостојна македонска држава. САД ги прифаќа овие забелешки на Британците и во договор со нив пред самата Конференција на Јалта тие воопшто не го отвараат македонското прашање. Заштитувајќи ги интересите на Британија, САД практично ја запечатува судбината на македонската држава.
Според македонските историчари Британија која до 1947 година има главна улога во политиката на Балканот, се противи на создавање на Балканска федерација во која би влегле само словенски народи. Со цел да се разбие словенското единство тие бараат доколку се создаде  Балканска федерација, конфедерација или унија, покрај словенските земји да влезат и Грција  и Турција. Но, откако исцрпена од граѓанската војна во Грција, Британија  во 1947 год. бара помош од САД, доаѓа до директно мешање на Американците на Балканот, а според нашите историчари и до започнување на студената идеолошка војна меѓу Западот и Истокот.
Тоа најдобро се гледа од коментарот на Радио Москва од 28 април 1947 година, во кој се истакнува острото спротивставување на Советскиот преставник во Комисијата при Советот за безбедност  Лавришчев, на барањето на американскиот преставник Етериџ да се разгледаат обвинувањата на Грција дека Југославија и Бугарија се подготвуваат да ја отцепат Егејска Македонија.
По ваквото заострување на односите меѓу САД и Советскиот сојуз била формирана истражна комисија од ОН која имала за цел да ги истражи наводните инциденти на грчката граница за време на Граѓанската војна во Грција, а за кои била обвинета Југославија и Бугарија. Во ова Истражна комисија се наоѓа и Марк Етериџ кој во тајна телеграма испратена до американскиот државен секретар Маршал предупредува за дискриминацијата која ја врши Грција  врз Македонците, но и за кратковидоста на Грција. Во својата телграма од 8 мај 1947 година тој ќе забележи: „Грција со сопствениот кратковид став и дискриминаторските и гангстерски методи обезбедува материјал за воденицата на политичката индоктринација и обука во северните земји. Треба да се забележи дека голем процент од бегалците од Грција се Македонци кои ја почувствувале дискриминацијата. Мене ми е сосема јасно дека доколку не биде сопрен дискриминаторскиот третман, пребегнувањата во планините или на другата страна од границата нема да бидат спречени“.
 
Повеќе од очигледно е дека уште тогаш Етериџ јасно го признава постоењето на Македонци и смета дека корените на причината за несреќата на бегалците и дискриминацијата против македонското малцинство треба да се бараат во политиката на Атина.
Иако препознаени и признати како посебен народ, македонското прашање како и тогаш така и денес сеуште преставува незавршена приказна.о барање на американскиот преставник во Комисијата при Советот за безбедност – Етриџ да се разгледаат обвинувањата на Грција дека Југославија и Буг

Пронајдете не на следниве мрежи: