Улогата на Гоце Делчев како раководител на Четничкиот институт

Гоце Делчев го организирал првиот таен канал за пренесување на оружје на релација Македонија-Бугарија. Набавката на оружје за потребите на организацијата се одвивала во три фази и тоа: првата фаза од создавањето на МРО до Виничката провала, втората фаза од 1898 год, до 1902 год, и третата фаза од средината на 1902 год, до Илинденското востание 1903 год. Оружјето се набавувало од Европска Турција, и од соседните земји Бугарија, Грција и СрбијаГоце Делчев го организирал првиот таен канал за пренесување на оружје на релација Македонија-Бугарија. Набавката на оружје за потребите на организацијата се одвивала во три фази и тоа: првата фаза од создавањето на МРО до Виничката провала, втората фаза од 1898 год, до 1902 год, и третата фаза од средината на 1902 год, до Илинденското востание 1903 год. Оружјето се набавувало од Европска Турција, и од соседните земји Бугарија, Грција и Србија.
Организацијата најрано се снабдувала со револвери кои биле потребни при примањето на членови во нејзините редови кои полагале заклетва пред револвер и кама. По пристигнувањето во Штип, Гоце Делчев создал месна организација од триесет младинци кои успеале да се снабдат со револвери што претставува почеток на вооружувањето. Во учебната 1894/5 год, додека Гоце бил учител во Штип по барањето на месната организација биле донесени пушки мартинки. Биле формирани два тајни пункта за пренесување на оружје и тоа: Ќустендилски на чело со Никола Зографов и Дупнички на чело со Никола Малешевски.
Во согласност со членот 11 од уставот на ТМОРО било предвидено формирање на чети во Македонија. Таа одлука била санкционирана со правилникот за чети од 1900 год.
На 7/19 април 1896 год. избувнала позната Донева афера. Таа се случила кога колџиите од Режијата за тутун, кај црквата „Св. Недела“ на влезот во Битола, во товарите со ориз на кираџијата Доне Тошев Стојанов пронашле 10 празни бомби, 150 набои за револвер и нешто барут. Коце Ефремов, испраќачот на бомбите заминал за Бугарија а Гоце останал дома во исчекување и пишување рапорт. Гоце бил еден од осомничените.Тој непосредно пред аферата се спремал да замине во Ќустендил за да се сретне со тамошниот околиски началник на ВМК, но поради опасноста морал да врати во Штип. Бил одведен кај Штипскиот кајмакам.На прашањето на кајмакамот во врска со динамитот тој со мајтап одговарал „со никаков Дина не сум имал работа“. Така поради немање докази бил ослободен. По три месеци по наредба на скопскиот валија повторно бил приведен. По ова Гоце го напуштил Штип.
За време на неговата дејност како директор на второкласното училиште во Банско. Гоце уредувал тајни канали за Рилскиот манастир низ Годлево и Драголиште-Добричко, уредувал канали за Банско, Србиново и Горна Џумаја и подоцна низ Јакупица, Беласица и Самоков.
По назначувањето за Задграничен претставник во Софија вршел инспекција во пограничните пунктови во Бугарија: Дупница и Ќустендил. Тој како Задграничен претставник се ангажирал за снабдување на организацијата со материјални средства, оружје, муниција и литература.Тој одржувал контакти со Наум Туфекчиев од дисидентскиот МК од кого набавувал револвери и бомби. Исто така бил близок и со браќата Иванови, познати лиферанти на оружје. Гоце со нив договарал бесплатно земање на 
пушки во вид на подарок. Браќата Иванови за мала сума откупиле од бугарската влада 112.000 кримки со 50.000.000 патрони. Ѓорче побарал 5-9.000 пушки за потребите на ТМОРО.Гоце и Ѓорче добиле бесплатно над 4.000 пушки, со одобрение на бугарската влада, од браќата Иванови но без патрони. Најголем дел од овие пушки завршиле во Скопскиот, Струмичкиот и Штипскиот округ и биле пронајдени за време на Виничката провала.
Организацијата прибегнала кон насилни методи за да дојде до финансиски средства. Доминирале уцени, закани и киднапирања. Набавката на парични средства била главна преокупација на Гоце Делчев. На 6 ти јануари 1897 год, Андон Златаров ја ограбил Ќустендилската пошта и подигнал 28.000 лева. Им врачил 25.000 лева на Васил Главинов и Александар Кипров за да му ги предадат на Гоце Делчев. Но тие ја злоупотребиле довербата и ги префрлиле парите на сметка на социјалистите. На Гоце му кажале дека ги закопале в река, но дека водата ги одвлекла. Со ова Гоце не можел да се помири. Во предвечерјето на 1897 год, се нашол во Одеса, каде имал средба со ерменски револуционери со цел набавка на бомби и пеколни машини. Оттаму со рускиот брод Воронеж се префрлиле на Света Гора со цел да изнудат парични средства од Светогорскиот манастир. Била определена локација за магацин и бомболеарница во просторот меѓу Зографскиот манастир и Хилендар на Света Гора.
Во 1897 год, Гоце имал неуспешен обид за киднапирање на виничкиот бег Черкез и струмичкиот Муфли бег. Успешно завршило киднапирањето на струмичкиот Назлам бег, за кого биле побарани 6.000 турски лири. Но поради непретпазливост бегот успеал да избега. Во мај 1900 год. бил направен обид заедно со ВМК за киднапирање на детето на бугарскиот државник Иван Евстасиј Гешов, за кого требало да биде побарано откуп од 1.500.000 лева. ВМК го прифатил предлогот под услов Сарафов да изнајми една куќа каде ке го чува детето, Давид да купи еден пајтон и да најде пајтонџија, Гоце да го фати детето а Ѓорче да најде начин да ги прими парите. Планот не успеал поради заминувањето на Гешовиот син во Париз. Во 1901 год, од страна на Јане Сандански била киднапиран позната протестантска мисинерка Мис Елен Стон.За ова Гоце дознал за 
време на советувањето во с.Загоричани на 14  јануари 1902 год. Парите од грабнувањето биле депонирани кај Антон Страшимиров, Биолчев и др. За рационално користење на парите била формирана комисија во состав: Гоце Делчев, Туше Делеиванов, Димитар Стефанов и Никола Малешевски.
Првиот прилив на пушки кримки датира од 1897 год. Овој прилив е врзан за името на Гоце Делчев. По грчко-турската војна почнала набавка на грчка пушка од системот гра. Биле набавени и малихерки, муниција и динамит. Оружјето било набавувано од Грција, Србија, Романија, Белгија, Австро-Унгарија, Франција, Шавјцарија и Англија. Најмногу оружје се внесувало од Бугарија за кое бил одговорен Делчев. На советувањето во с. Загоричани до 14  до 17  јануари 1902 год. Гоце се залагал за набавка на оружје од Грција. Есента 1902 год, Гоце преку Тома Карајовов реализирал набавка на оружје и муниција од Берлин и Виена.
Кај Гоце и кај Ѓорче се родила идејата за сопствена изработка на оружје, пред се бомби. Тие ја осмислиле Саблерската бомболеарница на Осоговските планини. Голема улога во ова одиграл Димитар Поп Георгиев Беровски, водачот на Разловечкото и Македонското востание. Саблерската бомболеарница била отворена во мај 1897 год. Таму повремено престојувале Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Во бомболеарницата биле прозиведени помеѓу 1.000 и 1.500 бомби. Таа била напуштена неколку месеци пред интервенцијата на бугарската полиција.
Функционирањето на курирската служба била предуслов за проток на луѓе, транспортирање на оружје и муниција и циркулирање на револуционерната пошта. Гоце правел напори за набавка на весници и револуционерна литература. Во периодот 1893-1903 год, биле одржани стотици советувања, конференции, конгреси, собири. За роданачалник на таквата практика и традиција се смета Гоце Делчев.
Ноќта меѓу 14-15/26-27 ноември 1897 год, една разбојничка банда предводена од Коте Голчев од с. Берово влегла во селото Виница и го убила 
Ќазим-ага. Тие најрпвин влегле во неговата куќа и украле 600 турски лири. Во моментот на грабежот Ќазим-ага препознал еден од грабнувачите и ги замолил да остават барем нешто од парите, но напаѓачите ја заклучиле неговата жена а него го извелке надвор од куќата и го убиле. На повлекување бил убиен и ноќниот чувар Васе. Неговата сопруга помислила дека убиството го извршила чета на организацијата, па затоа веднаш им кажала на истражните органи. Така настанала првата провала во редовите на ТМОРО позната како Виничка провала. Виничката провала допринела до промена на тактиката на однесување и создавање на Четничкиот институт.
Провалата и нанела тежок удар на организацијата во Скопскиот Санџак. За провалата Гоце дознал во Ќустендил. Се вратил во Софија за да превземе чекори за неутрализација на ефектите од аферата. Гоце му напишал писмо на Борис Сарафов и му предложил да формира чета со која ке замине во внатрешноста. Меѓутоа по консултација со Ѓорче Петров се откажал од оваа идеја.
Во Ќустендил бил формиран комитет за бегалците а во Софија била формирана тричлена комисија. ВМК на Станишев се оградил од разбојничката банда која ја предизвикала провалата. Гоце Делчев увидел дека терористичките групи не можат многу да придонесат во борбите против Османлиите. Тоа придонело да се формира Четничкиот институт во април 1898 год.
Првата чета на ТМОРО на чело со Дуко Тасев Јудовчанецот се формирала во 1897 год, по заслуга на Пере Тошев, но немала некоја улога.Истата година била формирана првата околиска чета во Солунскиот Вилает на чело со Апостол Петков. Од неа се издвоил Иван Карасулијата, кој со 
својата чета почнал да ги обиколува Кожув и Пајак планина. Во четата кратко време бил Михаил Апостолов Попето.Летото 1897 год, Гоце Делчев се нашол во Струмица. Тој во почетокот на 1987 год, започнал да врбува стари арамијски војводи.
Во писмото до Никола Малешевски од 6.03.1897 год, тој пишува дека се сретнал со Мустракот, од кого побарал 15 здрави и решителни момчиња. Но старите арамијски војводи се покажале неподобни за превоспитување. За разлика од нив, многу попогодни се покажале резервните офицери во бугарската армија меѓу кои имало и Македонци и Бугари. Тие биле врбувани преку Офицерските братства а потоа преку комитетот на Борис Сарафов. Меѓу првите такви бил Михаил Апостолов Попето. Во април 1898 год, на територијата на Струмичкиот округ влегле три групи и тоа: едната под раководство на Ефрем Чучков за Малешевско, втората под раководство на Тодор Станков за Радовишко и третата под раководство на Стојан Ѓорѓиев за Струмичко. Во април истата година Гоце Делчев го поканил Никола Петров Русински да замине како војвода во Кукушко заедно со Михаил Апостолов Попето. Меѓутоа Русински ја одбил понудата под изговор дека е болен, но всушност не му се допаѓал составот на четниците, меѓу кои имало повеќе арамијски војводи. Таа се состоела од 7 души од кои само Исаија Величков бил освестен четник, додека Мито Георгиев од Кукуш бил неопределен. Четата на Попето при обидот да влезе во Македонија била пречекана и распрсната од една бугарска чета. Но по 10 дена таа повторно се собрала и се префрлила во Серско, каде била пречекана од дедо Иљо Крчовалијата.
Есента 1898 год, ЦК побарал од околиските раководители да реферираат за положбата во своите околии. Кон средината на октомври бил добиен одговор од 12 раководители. Тоа ја предизвикало одлуката на ЦК за расформирање на терористичките групи, и на нивно место во секоја околија да се формираат чети од нелегални работници.Така ЦК на ТМОРО согласно член 11 од уставот издал специјален циркулар од 14 точки со кое било дозволено формирање на чети. Главната грижа околу формирањето на 
Четничкиот институт ја превзел Гоце Делчев. Гоце и Ѓорче во летото 1.900 год, го изработиле Правилникот за чети на ТМОРО. Тој содржел 47 члена распоредени во 5 глави. Во глава I пишува дека во околиски реон се уредува по една чета која се движи тајно низ реонот по потреба и по наредба на месниот комитет. Во глава II се зборува за агитацијата, организацијата, извршната задача и крајната задача на четата. Во глава III се зборува за општите одредби на четата. Во глава IV се зборува за односот на четата со комитетот. И во глава V се зборува за составот и внатрешниот ред на четата. Со појавата не четите доаѓа до масовно навлегување на селскиот елемент во Организацијата.
Со создавањето на селската милиција дошло до масовизирање на борбените сили на ТМОРО. Организацијата се претворила во „ држава во држава“, за што најголема заслуга имал Гоце Делчев. Тој како ревизор на четите станал неприкосновен авторитет во организацијата. Четничките школи имале голема улога во разгранувањето на Четничкиот институт. Таа заслуга ја имаат соработниците на Гоце: Михаил Апостолов Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев, Марко Лерински и Никола Петров Русински.
 
 
 
Продолжува……..
Н. СаздовскиГоце Делчев го организирал првиот таен канал за пренесување на оружје на релација Македонија-Бугарија. Набавката на оружје за потребите на орг

Пронајдете не на следниве мрежи: