Вклучувањето на Гоце Делчев во МРО и неговата дејност до Солунскиот конгрес

Упорноста за завршување на военото училиште му ја одзела на Гоце можноста да стане еден од основоположниците на МРО. На средбата со Иван Хаџи Николов во Борисовата градина бил повикан да се врати во Македонија и да застане на чело на МРО. Гоце се согласил, но имал намера најпрвин да го заврши военото училиште.Упорноста за завршување на военото училиште му ја одзела на Гоце можноста да стане еден од основоположниците на МРО. На средбата со Иван Хаџи Николов во Борисовата градина бил повикан да се врати во Македонија и да застане на чело на МРО. Гоце се согласил, но имал намера најпрвин да го заврши военото училиште.
На 23.10./04.11. 1893 год. во станот на Христо Батанџиев бил одржан основачкиот состанок на МРО. На состанокот присуствувале: Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Дамјан Груев, Андон Димитров и Христо Батанџиев.Била донесена одлука за формирање на МРО. На овој состанок не било избрано никакво раководство на Организацијата. Конкретното формирање на МРО  се случило на 05.01.1894 год, пред Богојавление. Се воделе дискусии за целите на Организацијата.  Главна цел требала да биде спроведување на членот 23.Но откако членот 23 од Берлинскиот договор им се видел  „како апстрактен за народот“ било одлучено целта да биде автономија на Македонија во нејзините географски и етнографски граници. На оваа средба било утврдено името на организацијата (МРО) на чело со „Централен македонски револуционерен комитет “ со седиште во Солун. Бил формиран и Централен комитет на чело со Христо Татарчев како претседател, и Даме Груев како секретар и благајник. Петар Поп Арсов бил задолжен да поготви нацрт-устав на МРО и да напише брошура под наслов „ Стамболвштината во Македонија и нејзините претставници“.
Летото 1894 год, Гоце бил посетен во военото училиште од страна на неговиот сограѓанин Туше Делеиванов. Се сретнале во Борисовата градина. Разговарале за состојбата во Македонија и за вклучувањето во МРО. Есента 1894 год, Гоце добил работа во едно егзархиско училиште во Штип. Кон крајот на октомври пристигнале во Штип. Таму„уште не слезени од коњ“ биле пречекани од Даме Груев. Даме на Гоце му го врачил уставот на МРО. Меѓу нив двајца се водела дискусија околу истиот. Веќе наредниот ден, Гоце положил заклетва и станал член на МРО.
Гоце Делчев станал учител во Новоселската гимназија. Тука започнал со својата револуционерна дејност. Дејствувал во Ново Село и околината. Тука го организирал првиот таен канал за пренесување на оружје на релација Македонија-Бугарија. Во јули 1895 год. во с. Кежовица било одржано„проштално собрание“ на раководителите на Штипскиот регион на кој присуствувале Гоце Делчев и Даме Груев.Биле донесени одлуки за идната дејност.
Во летото 1895 год. било одржано Солунското советување на МРО.На него присуствувале: Пере Тошев, Гоце Делчев и Иван Хаџи Николов.Причина за советувањето бил да се спречи обидот на МК да се меша  во во внатрешните работи на МРО. На ова советување биле донесени следниве одлуки: МК  во Софија да дејствува во хармонија со целите и задачите на МРО и взаемно да ги почитуваат респективните територии, МК во иднина да не испраќа чети во Македонија и вооружени поединци, МК да не влегува во врска со самонаречени претставници на МРО, кои немаат полномоштво, МРО предупредила дека ке биде беспоштедна кон сите кои не ги почитуваат нејзините закони и правилници, и кон оние кои без нејзина согласност ке влезат вооружени на нејзина територија.
Во учебната 1895/6 год. се формирал триаголник: Даме Груев-Солун, Пере Тошев-Битола и Гоце Делчев Штип. Истата учебна година  Гоце станал директор на штипските училишта и инспектор на селските училишта во штипскиот регион. Есента 1895 год. МК го испратила Александар Чакаров со цел да испровоцира востание во Виничко.На 29 ти октомври 1895 год. Гоце испратил писмо до Екрем Каранов, во кое изразил негодување поради навлегувањето на Александар Чакаров со својата чета во Македонија.
Во декември 1895 год. на Вториот вонреден конгрес на македонските друштва во Бугарија МК бил преименуван во Врховен Македонски Комитет (ВМК) на чело со бугарскиот генерал Данаил Николаев. Целта на новиот комитет била да се превземе раководството во македонското револуционерно движење. Бил направен нов обид од страна на Александар Чакаров за подигање на востание во Македонија, со благослов на Наум Туфекчиев, потпретседател на ВМК. Тој бил испретен во Ќустендил да превземе ќустендилскиот транзитен центар.
ЦК на МРО донел решение за немешање на ВМК во внатрешните работи. Во февруари 1896 год. Гоце Делчев се сретнал со Данаил Николаев. На ова средба тој се спротивставил на обидите  на ВМК да се меша во внатрешните работи на МРО. За време на престојот во Софија Гоце имал средба со членови на Дисидентскиот комитет, на чело со Наум Туфекчиев и Антон Бозуков. Било разговарано за набавка на оружје. Гоце имал средба и со браќата Иванови. Со нив го поврзал резервниот поручник Димитар Журков, благајник на дисидентскиот МК. Гоце одржал средба и со Борис Сарафов, кој му предлагал да заминат во Македонија и„да станат горски цареви“.
Повод за свикување на првиот конгрес на МРО бил обидот  на ВМК за мешање во нејзините внатрешни работи. Солунскиот конгрес на МРО се одржал за време на велигденската ваканција меѓу 5  и 12 април 1896 год. Работата на конгресот се одвивала во станот на Андон Димитров спроти гимназијата „Св. Кирил и Методиј“. Во работата на конгресот учествувале 15-16 лица. Од нив се познати имињата на 14 учесници: Христо Татарчев, Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев како членови на ЦК. Потоа Гоце Делчев како претставник на Штип, Христо Матов на Скопје, Пере Тошев на Битола, Петар Поп Арсов на Прилеп, Кирил Прличев на Воден, Христо Поп Коцев на Одрин, Васко Думев на Велес и Благој Калајчев на Серес. Со конгресот претседавал Христо Татарчев и тој заседавал 3 дена. Од конгресот Организацијата излегла со ново име „Тајна-македоно-одринска револуционерна организација“(ТМОРО) и била поделена на 6 окрузи: Солунски, Битолски, Скопски, Струмички, Серски и Одрински. Конгресот го разгледал прашањето за вклучувањето во МРО на сите етнички групи во Македонија „без разлика на вера и народност“. За Одринско било решено да се третира одделно од Македонија, но да претставува единствена кауза. Прашањето во врска со прием на жени во Организацијата било решено да се остави во надлежност на реонските комитети. За прием на жени во Организацијата инсистирал Гоце Делчев, кој претходно ја вклучил својата сестра Руша во редовите на ТМОРО. На конгресот било прочитано писмото од ВМК од 20.03. 1896 год. Притоа конгресот ја оценил тенденцијата на ВМК„како многу опасна за делото“. Исто така било одлучено ТМОРО да не се меша во внатрешните работи на ВМК ниту во партискиот живот во Бугарија. Од тие причини била донесена одлука да се отвори Задгранично претставништво на ТМОРО во Софија. Кон крајот на 1896 год. на оваа функција бил поставен Гоце Делчев а во март 1897 год. му се придружил Ѓорче Петров.Исто така Пере Тошев го информирал Конгресот за преговорите со проегзархиската групација околу
Коне Самарџиев а било и разгледано прашањето за односот кон туѓите пропаганди во Македонија. На крајот Гоце Делчев и Ѓорче Петров биле задолжени да го изработат новиот Устав и Правилник на ТМОРО. Тие биле изработени од од страна на Гоце Делчев и Ѓорче Петров во март 1897 год. во Софија. Уставот на ТМОРО содржел 19 члена распоредени во 4 глави.
Според член 1 од уставот на ТМОРО таа имала за цел да ги сплоти сите незадоволни елементи од Македонија и Одринско со цел извојување на политичка автономија на овие две области. Според член 2 за постигнување на таа цел Организацијата ке се бори за премавнување на сите шовинистички пропаганди кои го цепкаат македонското население. Според член 4, член на ТМОРО можел да биде секој Македонец и Одринец, што не е корумпиран во делото, според член 6 месните комитети се делеле на групи на чело со началник (десетник). Месните организации ги раководел месен комитет, комитетите се делеле на селски и окружни а над нив стоел ЦК, кој директно ги назначувал членовите на окружните комитети. Во вонредни околности ЦК имало право раководството на окрузите и околиите да го довери на однадвор назначено лице. Окружните комитети го потврдувале раководството на околиските а тие на селските. Според член 11 секој реон имал своја чета чија задача требала да се определи со специјален правилник. Според член 14 и 15 Тајната пошта и полиција останале задолжителни за секој комитет. Според член 19 требало да се изработи правилник. Правилникот се состоел од 48 члена распоредени во 10 глави. Во глава I биле одредени надлежностите на ЦК, во глава II надлежностите на селските околиските и окружните комитети, Во глава III должностите на началниците на групата, Во глава IV должностите на членовите-работници. Во глава V кореспонденцијата, во глава VI тајната пошта, во глава VII тајната полиција, во глава VIII казните, во глава IX вооружувањето и во глава X материјалните средства на комитетот.
Во септември  1896 год. Гоце Делчев бил назначен за директор на второкласното училиште во Банско (Разлог) за учебната 1896/7 год. По два месеци прекинал со педагошката дејност. Основал револуционерни комитети во Банско и Мехомија (Разлошко) а потоа во: Белица, Горлиево, Драголиште, Елемница и Бочево. На 17  октомври ја најавил својата оставка на директорската функција а од  13  ноември до 16  ноември престојувал во Солун, каде од МРО бил назначен за задграничен претставник во Софија.
 
 
ПРОДОЛЖУВА……….
Н. Саздовски Упорноста за завршување на военото училиште му ја одзела на Гоце можноста да стане еден од основоположниците на МРО. На средбата со Иван Хаџи Никол

Пронајдете не на следниве мрежи: