Македонскиот ориентален тутун е ценет на меѓународниот пазар

За Македонија тутунот ќе остане број еден култура и ќе биде заштитена марка во повеќе региони во земјата. Во земјава веќе се најави дека ќе има стабилизација на производството на тутун, гранка од која егзистираат 40 илјади семејства. Ние се наоѓаме на 30 – тото место по количеството на произведен тутун во светот, како и на 15- то место по вредноста на остварениот извоз на тутун во светски рамки. Најголеми увозници на тутун од Македонија се САД и Германија, односно тоа се мултинационални компании кои имаат фабрики во наведените земји.Примарното производство на ориенталските ситнолисни ароматични тутуни има големо економско и социјално значење за Република Македонија, бидејќи земјата е традиционален производител на ваквиот тип на тутун. Од ориенталските тутуни се одгледуваат типовите прилеп, јака, басмак и сосема мали количества од типот џебел.
„Македонскиот ориентален тутун, поради својот висок квалитет е многу ценет на меѓународниот пазар и заедно со тутунските производи претставува значаен извозен производ. Денес над 99% од вкупното производство на тутун е ориентирано кон барањата на мултинационалните компании кои преку свои регистрирани фирми за откуп на суров тутун го обезбедуваат пласманот на ферментираниот тутун на странските пазари. Во сегашниот период, речиси целокупното производство на тутун се одвива кај индивидуалните земјоделски производители-фармери“ – изјави професор д-р. Златко Арсов од Катедрата за специјално полјоделство и тутун при Факултет за Земјоделски науки и храна.
Веќе од Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Стопанската комора изјавија дека во однос на намалувањето на производството на ориентален тутун и барањата на Светската здравствена организација за негово намалување за земјава се неприфатливи барањата на Светска Здравствена организација за намалување на производството и замена со некоја алтернативна култура.
„Како земја не прифаќаме методологија за намалување на производството која е спротивна на обезбедувањето егзистенција на производителите и во услови кога ќе се замени тутунот со друга култура. При тоа треба да се имаат предвид климатските услови и економскиот ефект. Во регионите каде што се сади тутунот нема климатски услови за други култури бидејќи се тоа суви места. Околу економскиот ефект, се прифаќа само ако нова култура е исплатлива замена, односно им обезбеди егзистенција на производителите, што е малку веројатно“ – изјави Васко Ристовски од Комората.
СЗО прави напори да во светот се намалт површините под тутун воопшто, а не само на ориенталскиот тутун, но тоа успева смо во развиените земји членки на ЕУ, додека во останатите делови во светотот тоа не е така. Таму производството на тутун се одржува на стабилно ниво.
„Засега нашата држава не предвидува мерки за намалување на производството на тутун. Поради осетливоста, тоа прашање е оставено за понатаму, по евентуалниот влез на Македонија во ЕУ кога плановите за производство на тутун се усогласуваат со правилата на ЕУ“, додаде професорот Арсов.
Оваа година тутунот достигна висока откупна цена од 185 денари по килограм за разлика од претходната година кога беше 117 денари.Примарното производство на ориенталските ситнолисни ароматични тутуни има големо економско и социјално значење за Република Македонија, бидејќи зем

Пронајдете не на следниве мрежи: