Македонско Востание 1878 год.

Самите настани во Големата источна криза 1875-1881 година, Руско-турската војна, Санстефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес имале силно влијание во Македонија.Самите настани во Големата источна криза 1875-1881 година, Руско-турската војна, Санстефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес имале силно влијание во Македонија.
Револуционерниот дух кај Македонскиот народ се повеќе раснел особено по востанието во Босна и Херцеговина и ослободувањето на Бугарија од страна на Русија во Руско-турската војна.
Најголема причина за оружена борба за ослободување на Македонија предизвикал членот 23 од мировниот договор на Берлинскиот конгрес, кој се однесувал на Македонија и предвидувал нејзина автономија но останување во рамките на Османлиската империја.
Главните подготовки за подигнување на востанието биле водени од повеќемина видни Македонци – учители, трговци, свештеници итн. Најангажирани во подготовките биле охридскиот митрополит Натанаил Охридски и познатиот македонски револуицонер учителот Димитар Поп-Георгиев Беровски кој две години претходно бил главен водач наРазловечкото востание, познатиот македонски војвода од тој период Стефо Николов, познатиот македонски револуционер од тоа време поп Коста (Буфски) од с.Буф-Леринско и неколкумина македонски војводи.
Голема улога во подготовките и одвивањето на востанието ќе имаат и штотуку формираните т.н. благотворителни комитети Единство, кои ги организирале мирните но и вооружените протести и акции против решенијата на Берлинскиот конгрес кои имале главно негативен карактер во однос на Санстефанскиот мировен договор кој во целост бил во корист на Бугарија. Најважни од нив биле Софискиот и Џумајскиот комитет кои всушност играле и раководна улога во востанието.
При подготовките за востанието најмногу се сметало на четите кои би се формирале од доброволци – Македонци-ополченици во Бугарија кои по завршувањето на војната останале таму. Меѓутоа искуствата покажале дека за да успее востанието требало да се исползуваат чети од Македонија кои веќе ги крстосувале македонските планини, чети познати на народот, чети кои ќе ги имаат идеалите за слобода на Македонија и чети кои немаат никакво влијание од соседните држави (Бугарија, Србија, Грција).
Кон крајот на септември 1878 година Софискиот благотворителен комитет во Ќустендил го испратил Луј Војткевич(Полјак) со голема чета од 300 души за да се префрли во Македонија. По краткотрајна вооружена борба, четата била разбиена од турскиот аскер и Луј Војтеквич се вратил назад во Софија по нови инструкции.
Истиот месец Адам Калмиков (Козак од Украина) со голема чета доброволци се обидел да влезе во Македонија но и неговиот обид ќе биде неуспешен поради тоа што неговата чета целосно била разбиена од турскиот аскер. Подоцна овие двајца ќе бидат поставени од комитетот Единство со раководни функции во востанието.
На состанокот одржан на 8 септември во Рилскиот Манастир, свикан од Натанаил на кој присуствувале и Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Дедо Иљо Малешевски (Марков) било решено да се повикаат сите чети кои дејствувале недалеку од демаркационата линија да се приближат до Горна Џумаја. На повикот се одзвале повеќе чети и во Горна Џумаја се одржало советување со војводите за востанието.
Токму на ова советување бил прифатен предлогот на еден од поистакнатите војводи Стојан Карастоилов, востанието да започне со нападот на Кресна. Тука било прифатено со нападот да раководи Стојан Карастоилов.
Иако во целост подготовките за востанието биле во раководени од македонските војводи, сепак комитетот Единство како главен иницијатор на востанието (иако сакал востанието да изгледа како дело на Македонија), неможел да допушти целото востание да се одвива во рацете на македонските војводи иМакедонците. Затоа по нивното барање командата на востанието му била доверена на офицерот на руската армија козакот Калмиков.
Востанието започнало на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 400 востаници и многу селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 109 турски војници.По ослободувањето на Кресна востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демирхисарско. Настанала голема слободна територија. Една од првите мерки на востаничките водачи, по ослободувањето на селата, била да воведат нова месна административна власт, да извршат мобилизација за пополнување и формирање на нови чети како и избор на воено-востаничкото раководство. На општото собрание востаниците за востанички водач го избрале Калмиков, за началник на штабот Димитар Поп-Георгиев Беровски, а за прв војвода на четите Стојан Карастоилов.
Овде се појавиле првите несогласувања и недоразбирања помеѓу македонските револуцинери и бугарските комитети. Преставниците на комитетот Единство, Адам Калмиков и Луј Војткевич сакале востанието да биде проширено што поскоро и во останатите делови на Македонија со цел да се привлече вниманието на европската дипломатија.Меѓутоа Стојан Карастоилов, Димитар Поп Георгиев и другите македонски војводи се стремеле најпрво востаничката територија да се организира, да се набави оружје, муниција и друг воен материјал, да се регрутираат свежи востанички сили и дури потоа да се удри на останатите области. Веднаш по востанието било формирана полициска управа. Во сите ослободени места била воспоставена народна власт, а народот без разлика на националната и верска припадност (Македонци, Турци, христијани, муслимани) бил целосно ослободен од сите даноци. 
Во ослободените места не биле забележани протерувања, убиства и изживувања врз турското муслиманско население.Македонското население од сите ослободени места со големо воодушевување го помагало востанието не само преку човечка сила (одење на селани во востаници) туку и преку давање на жито, земјоделски производи, резерви на храна и облека, а подоцна и преку давање засолништа на востаниците. Задачи на полициските стражи биле:
1. Да се грижат за собирање на војници од ослободените места2. Да собираат данок од неспособните за војска3. Да располагаат со востанички имоти, да одземаат и доделуваат4. Да набавуваат оружје, муниција и секакви воени материјали5. Да ги проследуваат, фаќаат и предаваат на Востаничкиот штаб избеганите востаници6. Да се ограничи влегувањето на секој особено на оние што се од Турско7. Да се грижат за мирот на населението во слободните места, строго да ги проследуваат арамиите и строго да казнуваат виновниците8. Да ја извршуваат секоја писмена наредба на Востаничкиот штаб Уште во почетокот на востанието биле изработени Правила на Македонскиот востанички комитет или Привремени правила за организација на македонското востание.
Правилата преставувале законодавен акт за време на Востанието, а со нив биле регулирани целиот социо-економски и општествено-политички живот и на востаничките територија и сили но и на целата територија на Македонија. Кон крајот на Декември 1878 година Правилата биле преработени и по обем и содржински. Наместо поранешните 232 члена по преработката имале 211 члена.
Кресненското востание било прв судир помеѓу македонското револуционерно движење ивБугарија. Очигледното мешање во политиката на востанието и водењето на борбата и спроведувањето на своите зацртани планови на бугарските комитети довеле до големи недоразбирања и судири со македонските востаници и револуционери.
Првиот судир се случил уште при борбите за ослободување на Кресна, помеѓу македонскиот војвода Стојан Карастоилов и рускиот офицер во бугарска служба Калмиков. Иако судирот бил од воено – тактички карактер сепак тука за првпат се судриле и целите и плановите на македонските револуционери и бугарските комитети.
Подоцна судриот помеѓу двајцата странци Калмиков и Војткевич ќе предизвика толкаво незадоволство кај македонското раководство што Димитар Поп-Георгиев Беровски ќе напише доста остро писмо во кое го осудува самоволието и мешањето на Софискиот и Џумајскиот комитет во Македонското востание.

од притисок на комитетот Единство востаничките сили удриле во Разлошката котлина. Со акциите раководеле Луј Војткевич и бугаринот Бано Маринов. Бил заземен административниот центар, потоа Банско и други села. Маринов бил ранет при овие борби и неможел повеќе да учествува во акцијата. Востаниците оваа територија ја држеле 2 недели по што турската војска почнала да настапува, востаниците морале да се повлечат. По повлекувањето на востаниците аскерот почнал со палење на селата.
По борбите во Разлошката котлина, Стојан Карастоилов, Димитар Поп-Георгиев Беровски и другите македонски војводи од раководните позиции на востанието ги смениле Адам Калмиков и Луј Војткевич. Меѓутоа комитетот Едниство на тоа остро реагирал и од своја страна испратил комисија од тројца комесари кои од своја страна спровеле воен суд за Стојан Карастоилов и луѓето блиски до него. Пресудата гласела смрт.
 
Смртната казна врз Стојан Карастоилов била извршена на 6 декември 1878 година, додека пак Димитар Поп-Георгиев Беровски се спасил благодарение на Натанаил Кучевишки. Беровски ја задржил должноста војвода во областа Каршијак но и таа подоцна му била одземена. На тој начин македонските војводи биле одстранети во раководењето со востанието, а тогаш главен раководител на востанието станал комитетот Единство. Меѓутоа набргу доброволците почнале да ги напуштаат востаничките редови, а тројцата комесари не можејќи да ја контролираат ситуацијата се вратиле во Бугарија.
Втората фаза од востанието е каракатеристична што македонските војводи биле одстранети од челните функции, а раководењето го презел комитетот Единство. Во Софија бил свикан собир на ограноците на Единство и требало да се избере централен комитет за воени акции но сите ограноци не испратиле свои преставници и затоа Софискиот огранок го овластилНатанаил Кучевишки да раководи со сите административни и финансиски работи на востанието. Кон Натанаил се приклучилеСтефан Стамболов и Никола Обретенов.
Натанаил Кучевишки и Стефан Стамболов потоа заминале за Ќустендил и започанле со формирање и воружување на чети составени од доброволци. Со таа цел тие почнале да формираат и логори за четите во селата североситочно од Ќустендил по што се пристапило кон организирање на четите.
Четите имале свој војвода, десетар и писар. Секоја чета се состоела од 50-80 души. Во почетокот егзистирале 8 чети, а на 1 април 1879 година бројот на четите изнесувал 12 чети со јачина од 597 души. Бил создаден и штаб за четите чие седиште се наоѓало во Босилеград, а на чело на штабот бил поставен словенeцот Мирослав Хубмаер. Покрај штабот била формирана и воена управa со војнички совет – Воено управление во него влегувале сите војводи на четите.
Од 12 раководители, 7 биле Македонци, 1 Русин, 1 Црногорец, 1 Грк, 1 Влав, а меѓу добровлците во четите формирани во Бугарија имало Македонци, Бугари, Срби, Руси, Полјаци и Црногорци.
Кон крајот на 1878 или почетокот на 1879 година Стефан Стамболов ги посетил софискиот, ќустендилскиот и дупничкиот огранок, а потоа и востаничкиот штаб во Босилеград. Пред обиколката Стамболов сета бадлежност во врска со востанието ја препуштил на Натанаил Кучевишки.
За потребите на четите бил изработен и еден дисциплински устав од 12 члена, ос страна на Натанаил Кучевишки, Стефан Стамболов и Хубмаер. Некој од членовите на овој устав:2. Секој доброволец, востаник и арамија од секоја христијанска народност се прима, но тој е должен прво да даде клетва за верност и покорност на главната востаничка управа, а после се запишува во списокот на востаниците. 6. Секој христијанин, македонец, којшто ќе се покаже противен на востанието и на востаниците, ќе се преследува и кога ќе се фати прилично ќе се накази.Во пролета 1879 година во логорите на територијата на Бугарија како и на востаничката територија состојбата се влошила. Во логорите имало недостаток од секакви средства, храна, облека, муниција и други материјали, поради тоа дошло до дезертирање на четниците. Постепено дошло до самовлни напади на карулите, а тоа допринело и самите турци да вршат напади од таа страна. Истовремно се влошила положбата и на востаничката територија и таму имало недостаток на оружје и муниција. Од друга страна по остранувањето на македонските војводи од раководните позиции, востаниците започнале да ги напуштат востаничкте редови на доброволната војска.
Во средината на Февруари 1879 година комадантот на турскиот гарнизон во Петрич ги повикал селаните да се предаат од востаничката територија. Барањето било одбиено по што турската војска започнала со својата акција. Хусеин бег од Петрич со 8 000 аскер и башибозук (нерегуларни воени сили) удрил на востаничите редови. Напредувањето на турците било постепено и внимателно.
Раководителите на востанието најверојатно поради стратешки цели голем дел од востаниците ги испратиле во внатрешноста на Македонија во Битолско,Воденско и Костурско за да го покренат и таму на востание населението.
На 14 мај 1879 година востаничкиот комитет од Малешевските планини испратиле повик до целото население на востание но одзивот бил многу мал.
Од друга страна демолизирачки врз населението и востанието била и веста дека руската војска која се наоѓала во Горна Џумаја си заминала по што турците почнале се враќаат во Горноџумајско. Четите во внатрешноста на Македонија од Градец на Вардар заминале на територијата меѓу Вардар,Мариовските планини и Демир Капија, со цел да го кренат населението но неуспешно
Истовремено со деморализацијата на востаничките редови и добровлните чети дошло до слабеење на активноста на комитетите на Единство во Горна Џумаја, Софија, Ќустендил и Пловдив, поради напуштање на членството.
Поради таквата состојба Натанаил Кучевишки заминал за селото Падеж и таму на 6 јули 1879 издал наредба за демобилизација на четите и собирање на оружјето кое требало да се складира во селото Бураново. Со самото тоа Кресненското односно Македонското востание завршило.
 

 
Самите настани во Големата источна криза 1875-1881 година, Руско-турската војна, Санстефанскиот мировен договор и Берлинск

Пронајдете не на следниве мрежи: