Тито ги ЛАЖЕЛ Македонците за Обединување на Македонија

Во својата 35-годишна кариера како претседател на Југославија, Јосип Броз Тито шеснаесет пати ја посетил МакедонијаВо својата 35-годишна кариера како претседател на Југославија, Јосип Броз Тито шеснаесет пати ја посетил Македонија, почнувајќи од 1945 година, кога пред повеќе од 60.000 граѓани на Скопје на градскиот плоштад го одржа својот прв говор во Македонија, па до 1978 година кога повеќе од 400.000 скопјани со отворени срца и искрена возбуда го пречекале во градот.
Според патетичниот поговор на новинарот Јован Павловски, составувач на книгата „Тито во Македонија“, објавена 1979 година, посетата траела три дена, а граѓаните празнувале претворајќи ги улиците по кои минуваше колоната во цветни килими, што се прелеваа на топлото октомвриско сонце. Освен цветните килими и топлото октомвриско сонце при последната посета на претседателот на СФРЈ и на Сојузот на комунистите на Југославија, хроничарот, меѓу другото, ќе забележи и дека за време на посетите претседателот секогаш се обраќал до пошироката јавност по низа прашања, сврзани биле со внатрешната или надворешната политика на социјалистичка, самоуправна и неврзана Југославија: „Беа тоа одмерени зборови чијашто свежина и актуелност не се загубиле ни денес – две, десет, дваесет, триесет години по нивното јавно кажување…“ Во второто дополнето издание на оваа „раритетна книга“ се забележани сите посети на Тито на Македонија преку извадоци од неговите говори, преку кои, како што запишал Ристо Лазаров во „Kомунист“ во јули 1979 година, читателот ненаметливо се упатува на „богатството и силата на Титовите зборови, на огромната широчина на Титовото интересирање за битните прашања од развојот на Македонија, на неговата постојана грижа за работниот човек, на Титовите визионерски укажувања…“
„Остануваме на тоа Македонците да се обединат во својата земја!“ А еве што говорел, меѓу другото ’визионерот’ Јосип Броз Тито пред Македонците за време нa неговите посети на Македонија. Да почнеме со говорот на прославата на Денот на востанието на македонскиот народ, одржан пред 60.000 граѓани во Скопје на 11 октомври 1945 година: „Ние не се откажуваме од правото на македонскиот народ да се обедини. Ние од тоа право никогаш нема ни да се откажеме. Тоа е нашиот принцип. А принципите не ги даваме за никаква привремена симпатија. Постојат браќа Македонци за чија судбина не сме рамнодушни. Ние ќе останеме при тоа Македонците да бидат обединети во својата земја… Во оваа војна македонскиот народ ја извојува својата слобода. Имате ли вие оружје во своите раце? (Имаме!) Сакате ли вие со тоа оружје да ја браните својата слобода? (Сакаме!) Според тоа, не треба да се плашите за слободата на македонскиот народ… „Повиците имаме и сакаме во заграда, како што е пренесено во извештајот објавен во „Нова Македонија“, всушност се одговор на 60-илјадниот македонски народ. Дали преку оружјето и слободата говорникот го испитувал пулсот кај македонскиот народот во врска со неговиот став за ослободување на Пиринска и Егејска Македонија или мислел само на Вардарска Македонија? Својот говор го завршува со, би рекле, прилично цинична забелешка дека ’пожелува’ некогаш или ’еден ден’, како што вели, ’Македонија да биде обединета’. Еве го крајот на говорот одржан на 11 октомври 1945 година во Скопје, значи приближно во истото време кога во Егејска Македонија била создадена македонската организација Народноослободителен фронт како главен претставник на Македонците и на нивните барања за решавање на македонското прашање:
„Ви пожелувам еден ден Македонија да биде обединета! Македонците еден ден да се обединат во својата единствена Македонија!“ Следната посета на Тито е по дури четири години, на 2 август 1949 година, односно по завршувањето на граѓанската војна во Грција во која загинале над дваесет илјади Македонци околу педесет илјади биле протерани во Вардарска Македонија, а околу дваесет илјади спас побарале во Советскиот Сојуз и во источноевропските држави. Според записите во „Нова Македонија“, Тито два дена бил во Скопје, а на 2 август зборувал на митингот на кој присуствувале повеќе од 100.000 скопјани: „Бугарските раководители беа против тоа Пиринска Македонија веднаш да се присоедини кон Вардарска Македонија – кон својата голема матица, туку тоа го одложија за подоцна кога ќе дојде до федерација помеѓу Бугарија и Југославија. Ние моравме да се согласиме со таквата нивна желба, но во исто време упорно останавме при тоа дека македонскиот народ во Пиринска Македонија треба да ги има сите права на полн културен развиток, како и во Вардарска Македонија така што народот на Пиринска Македонија да биде наполно духовно обединет со своите браќа во Пиринска Македонија“. Во истиот говор бегло ја спомнува и Грција, но мошне симптоматично е тоа што зборува во минато време, како таму работата да е завршена иако во тој период се случува катастрофалниот геноцид врз Македонците во Егејска Македонија. Во говорот Тито рекол: „Во Грција македонскиот народ исто така беше прогонуван, мачен, тепан, присилуван на бега во соседните земји. И таму македонскиот народ немаше никакви права“. Дали тоа дека сега, во таа 1949 година, кога Тито дошол во Скопје, македонскиот народ веќе имал некакви права во рамките на грчката држава? Фактот што во својата трета посета на Македонија, четири години подоцна, во 1953 година, зборува за тоа дека Балканот им припаѓа на народите што живеат на него, а тие нека бидат таму каде што се, всушност потврдува дека Тито во меѓувреме се откажал од обединувањето на Македонија, односно веќе се договорил со соседите и дека нема ништо од неговото ветување за обединување на Македонија ветено осум години порано пред 60.000 скопјани. Дека е така, односно дека тој водел тајни преговори со Грција зад грбот на Македонија, потврдуваат купиштата документи од неговата тајна, претседателска архива, но и неговата јавна посета на Грција во 1954 година кога на враќање од посетата на јужниот сосед, застанувајќи попатно на неколку места со возот, го убедува македонскиот народ дека тој, Тито, направил многу за Македонците што останале да живеат под грчка окупација. Значи, на 6 јуни 1954 година претседателот повторно е во Македонија или по враќањето од Атина, како што ќе забележи хроничарот, каде што со највисоките претставници на Грција разговараше за безбедноста на Балканот, саканиот гостин во Гевгелија одржа говор во кој ја информира југословенската јавност за разговорите водени во соседна Грција. Потоа, истиот ден, претседателот Тито ги поздрави и жителите на Тиквешијата собрани на железничката станица во Неготино. „Синиот воз“ преноќева на отворена пруга(!!) ноќта меѓу 6 и 7 јуни, а утредента, во раните утрински часови, возот веќе беше во Титов Велес. И тука претседателот ги поздрави илјадниците граѓани на градот што го носи неговото име, а потоа „Синиот воз“ влезе во железничката станица во Скопје. Пред повеќе од 200.000 илјади граѓани претседателот Тито одржа говор, а потоа замина за Белград. Што кажал Тито на враќање од Грција, каде што во меѓувреме веќе беше завршен геноцидот врз македонскиот народ, на станицата во Гевгелија: „Ви пожелувам многу успех во работата и апелирам кон вас и во иднина да им давате поткрепа на нашите напори за зацврстување на мирот во светот… зашто токму поради тоа што народот на нашата земја, од едниот до другиот крај, без оглед на националноста (народ без националност!?) покажа висока свест за потребата да се зачува мирот – нашата земја има во странство огромен престиж! Тоа можеше да се види и сега за време на нашиот престој во Грција, каде што не сретнавме ниеден човек на чие лице немаше израз на радост што н` гледа како претставници на таков народ и земја“. Kаков народ и која земја? Следниот ден или утрото на 7 јуни 1954 година, по преспивањето на Тито на отворена пруга, „Синиот воз“ веќе е во Титов Велес, каде што претседателот одржува нов говор, истакнувајќи дека се враќа од земја која е многу важна за нашата земја во поглед на осигурувањето на нејзината независност и мирен развој, додавајќи дека биле вонредно срдечно пречекувани како претставници на народ што ужива огромни симпатии не само во Грција туку и во целиот свет дотолку повеќе што нашиот народ е познат како мирољубив и единствен како народ што прави огромни напори за да ја изгради својата среќна иднина и дава огромни жртви за да придонесе за запазување на мирот во целиот свет. Го спомнал ли македонскиот народ во Егејска Македонија? Побарал ли признавање на неговите права? „Немаме територијални претензии кон соседите!“ Три години подоцна, непосредно по својот 65. роденден, на 27 мај 1957 година, Тито петти пат ја посетува Македонија и останува осум дена, престојувајќи во повеќе македонски градови и претпријатија. Во говорот одржан кај хидроцентралата „Вруток“ отворено ќе каже дека не се исплаќа решавање на меѓународните проблеми по пат на сила додавајќи, меѓу другото, дека политиката на Југославија се базира на принципите на мирна соработка со другите народи, врз принципите на коегзистенција: „Зарем се исплати денес да се војува и да се доведе до пропаст и својата и другите земји? Зарем се исплати да се војува поради некои проблеми што уште не се решени токму затоа што, кога се работеше за нив, се гледаше само на тоа кој ќе биде посилен, а не се настојуваше нерешените прашања договорно да се решат, што би било во прв ред во корист на оние земји меѓу кои постојат такви нерешени прашања. Би требало само некој малку да попушти, па постепено би се дошло до решение. Би требало, пред с`, да се сфати дека не се исплати да се вложуваат толку огромни средства за да се решат со сила меѓународните проблеми!“ Дали тоа важеше за Истра десеттина години пред тоа? И во другите говори подоцна Тито веќе ниту еднаш не ги спомна Македонците во Егејска Македонија. Во 1978 година Тито пристигнува во последната своја посета на Македонија, а хроничарот ќе забележи дека повеќе од 400.000 скопјани со отворени срца и искрена возбуда го пречекале претседателот на 5 октомври во Скопје. Притоа како што расте бројот на луѓе што го пречекуваат, така Тито го трга настрана своето ветување за обединување на Македонија. Во својот последен говор пред Македонците во Скопје, одржан на 6 октомври 1978 година, тој ќе го рече и ова: „Јас би сакал уште еднаш да истакнам дека ние никогаш и спрема ниеден сосед не сме имале и немаме територијални претензии. На Kонференцијата за европска безбедност и соработка во Хелсинки во 1975 година свечено изјавив дека Југославија го почитува принципот на неповредливост на границите и дека тој принцип го смета еднакво задолжителен и за себе и за сите свои соседи во однос на потесните граници, без оглед кога и со кој инструмент се утврдени“. „Пред војната немав можност да ја посетам Македонија!“ „Пред војната немав можност да ја посетам Македонија. Само еднаш имам поминато низ Македонија, и тоа во 1940 година, кога од Советскиот Сојуз, преку Турција, се враќав во земјата за да се подготвиме и готови да ги пречекаме настаните што беа на хоризонтот и ~ се закануваа на нашата земја“, рекол, меѓу другото, Јосип Броз Тито во здравицата во хотелот „Палас“ во Охрид на 22 октомври 1967 година. Извештаj на Изидор Цанкар, прв Титов амбасадор во Грциjа: Воскреснува македонскиот автономизам во Северна Грција! Според Изидор Цанкар, југословенски амбасадор во Грција во 1946 година, не може да се зборува за прогон во Македонија, а ширењето шпекулации за прогони е само пропаганда за грчки партиско-политички цели. „Големото доселување на Грците во северна Грција нема пресудно влијание во погрчувањето на нашето население, кое се проценува на 200.000 лица. Доселените Грци се прилично неотпорни и во голема мера слободољубиви и демократски ориентирани. Македонскиот проблем до оваа војна не се истакнувал како некаква изразито автономистичко тежнение, освен во мали безначајни појави. Денес тој се појавува во двостран вид. Од една страна, признавањето на македонскиот народ во нова Југославија овозможи не само слободен развој на нашата Македонија туку стана и атрактивна точка за сите останати Македонци, па и на оние во северна Грција… Со финансиска помош од извесни реакционерни групи од странство, а веројатно и со тајна поткрепа на извесни сојузнички сили на теренот, во северна Грција воскреснува македонскиот автономизам со тенденција за создавање самостојна македонска држава надвор од границите на Југославија, со што би се оневозможил копнежот на овдешните Македонци за обединување со Југославија, но и за да се дисквалификуваат демократските партии на Грција, кои ова наше население безгранично ги поддржува. Овој автономизам нема никаква основа во народот бидејќи народот е информиран дека тоа е интрига на нашите непријатели“, го известува Цанкар на 18 мај 1946 година својот претпоставен, претседателот на владата на Демократска Федеративна Југославија, Јосип Броз Тито, кој само неколку месеци пред тоа во Скопје пред 60.000 граѓани ќе каже дека не се откажува од правото на македонскиот народ да се обедини и дека од тоа право тоа е нашиот принцип, а принципите не ги даваме за никаква привремена симпатија… Ние ќе останеме при тоа Македонците да бидат обединети во својата земја…
 
преземено од ДневникВо својата 35-годишна кариера како претседател на Југославија, Јосип Броз Тито шеснаесет пати ја посетил Македонија, почнувајќи од 1945 година, ког

Пронајдете не на следниве мрежи: