Национална свест кај МАКЕДОНЦИТЕ

Во целата античка историја на Македонците, провејува единствена нишка за нивната национална свест. Овој елемент за самобитноста на Македонците бил многу високо развиен. Тој посебно дошол до израз за време на владеењето на кралевите Архелај (413-399) и Филип II (359-336). ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА
Во целата античка историја на Македонците, провејува единствена нишка за нивната национална свест. Овој елемент за самобитноста на Македонците бил многу високо развиен. Тој посебно дошол до израз за време на владеењето на кралевите Архелај (413-399) и Филип II (359-336). Тоа го потврдува и Демостен кој во своите „Филипики“ јасно и недвосмислено го изразил националниот јаз меѓу двата одвоени народи на Балканот, Македонците и Елините. Свесен за својот национален ентитет, Филип II ја изградил државата на своите прадедовци на тлото на Македонија, која имала повеќевековна национална и династичка државничка традиција, не само од историските Аргеади, туку и од митолошките македонски кралеви, потомци на легендарниот Македон.
За тоа, како и за милениумскиот континуитет, сведочат многубројните археолошки откритија, културните, религиските и другите институции во многу градови низ Македонија, со што таа станала центар на автохтона цивилизација уште во V век п.н.е., со најголем подем за време на Александар Велики и неговите македонистички кралства, кога му се наметнала на целиот тогаш познат свет, а подоцна, преку Рим и во цела Европа.
За живеењето од памтивек на тлото на Македонија, најдобро сведочат археолошки наоди. За првиот Македонец кој одел исправено укажува черепот на млад човек (homo sapiens), кој е пронајден близу, југоисточно од Солун, во пештера на локалитетот Петралони (камено гумно). Инаку, во грчката енциклопедија стои дека нејзината етимологија не е позната, но затоа пак припаѓа на палеолингвистиката на Балканот, односно на Македонија.
Кај Македонците постоела свест дека се староседелци и дека припаѓале на протонародите-протоиндоевропските племиња, дека имале свои богови и божици уште во раниот неолит за што сведочат археолошките наоди (Gim-butas, 1982). Во подоцнешните рани векови, тие како припадници на големата култура на Панонија, т.е. Хиперборејците и Борејците (Север), за што известуваат Пиндар, Херодот и други кои според овие антички автори биле „блажени, срдечни, праведни и побожни“, па оттаму нивниот етноним и хороним Македонци и Македонија (од макар: среќен, блажен, богат). Тие своите политеистички богови ги понеле со себе и ги сместиле на врвот на својата најголема планина Олипм. Меѓутоа, на Елините, приказните за Олимписките богови, на Хомер и Хесоид им ги подариле македонските музи, Пиериди, убавите речни ќерки на сеќавањата, ќерки на македонскиот крал Пиер, син на првиот македонски митолошки крал Македон.
За високата цивилизација на древните Македонци сведочи материјалната култура по должина на македонските реки Бистрица (Argos Orestikon, Armenohori, Displio-Dupjak, Aiane, Ber, Aigai, Nea Nikomedeja), Вардар (Porodin, Anza, Viršnik), околу Термајскиот Залив и други, што влијаело на формирањето на македонскиот патриотизам. Дека Македонците не биле „варвари“ сведочат остатоците од градовите. Така на пример, градот Дион во Пиерија, на северо-источните падини на Олипм, бил свет град и секрален центар на верскиот и културен живот на Маке-донците. Тука уште за време на кралот Архелај I, во V век п.н.е., на Диас (Зевс) му бил подиг-нат храм, Асклепиев храм и Дионисова куќа. Во компа-рација со Елада, Пазистрат во V век п.н.е. се обидел во Олимпија да му подигне храм на Зевс, но не успеал, па дури римскиот император Хадријан (117-138) успеал да го заврши.
Во Дион биле востановени Олимписките игри (Olimpia ta en Dion) уште во време на кралот Архелај I и се одржувале секоја четврта година, сè до 100 година п.н.е. Исто така се одржувале брилијантни фестивали во слава на Зевс и музите Пиериди, со театарски и гимнастички манифестации. Градот Дион историски опстанал 100 години, сè до доаѓањето на Готите, 479 н.е.
За високата цивилизација на Македонците сведочат и археолошките остатоци на градот Аиг(а)аи (Вергина-Кутлеш), прва македонска престолнина и еден од нај-старите македонски градови од XI век п.н.е. Тука се одржувале свеченостите на македонскиот двор уште во VI век п.н.е. и биле приредувани „Општи македонски игри“. Во близина на овој град била големата праисто-риска и историска некропола, на локалитетот Вергина, со околу 300 гробови, Кралската палата со димензии 104 х 88м, со непроценети мозаици, театар и други зна-менитости. Во „Големата гробна могила“ откриена е монументална гробница на кралот Филип II, со карактеристични архитектонски, сликарски и вајарски достигнувања, кои уште повеќе ја потврдуваат автохтоноста на макеодонската уметност. Тука се и сакралните сим-боли на Аргеадската династија, „Македонското сонце“, и „Македонскиот лав“, па оттаму и „Лавот на Херохеја“.
За архетипската архитектура на Македонија зборуваат и другите многубројни наоди на археолозите, лингвистите, историчарите, уметниците и др., како што е материјалната култура од околината на Скопје, Штип, Преспа, Охрид, Породин, Гевгелија, Централна Македонија, Халкидика, Источна и Западна Македонија.
Периодот на древната елинска историја, од доаѓањето на Дорците 1120 п.н.е. до VI век п.н.е., претставува „мрачен историски период“. Ова се надоврзува на „архаичната епоха“, кога во цивилизациски поглед сè почнува од почеток. Тој почеток е означен како „втора голема елинска колонизација“ која траела од 750 до 555 п.н.е. Тогаш Елините масовно го напуштале континенталниот дел и островите и се селеле во сите правци по должината на бреговите на Средоземното, Јонското и Црното Море. Причините биле пред сè економски (голема беда), политички (општа политичка борба за власт), демографски и воени.
Различниот етногенетски состав на Елините (Палазги, Еолци, Ахејци, Јонци, Лелези, Карци, Лувијци и Дорци), довел до создавање на сосема поинаква свест. Се појавиле општи политички антагонизми, мали полисдржавички, внатрешни бунтови, со меѓусебни судири и создавање на монархистички, демократски и тирански уредувања, наместо создавање единствено државно уредување, а кое дошло дури по 2 500 години, со востанието против Отоманското царство (1821-1829).Во антиката, како најзначајни елински центри на Пелопонез се: Арг, Спарта и Коринт, кои имале апсолутен дорски карактер, додека во континенталниот дел Атина и Теба, со мултиетнички состав. Од овие елински градови (полиси), најголем успех постигнува Атина, посебно во времето на Перикле (461-429), кој по потекло бил Хипербореец.

 
 
 
 
преземено од Македонска нацијаПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА
Во целата античка историја на Македонците, провејува единствена нишка за нивната национа

Пронајдете не на следниве мрежи: