Научници од Оксфорд по шести пат ќе гостуваат во Македонија преку програмата „Oxford Connections“

„Човекот учи додека е жив“. Образованието не може да дојде до некаква заокруженост и статус кво. Ова е вистина во сите сфери на животот, но особено во научните и истражувачки дејности. Од универзитетските професори и студенти се очекува да ги усовршуваат своите вештини низ текот на целата кариера, за што еден од најуспешните начини е размената на идеи со колеги од целиот свет. Токму тоа го нуди Балканскиот институт за вера и култура преку својата програма „Oxford Connections”. Во јубилејната петта година од своето постоење Балканскиот институт за вера и култура (БИВК) ја организита шестата по ред „Oxford Connections” програма преку која досега во Македонија гостувале преку педесет професори, предавачи и докторанди од Универзитетот „Оксфорд“. 
Досегашното искуство нa соработка на БИВК со повеќе универзитети и други образовни и истражувачки институции во Македонија е дека и за оксфордските и за македонските интелектуалци „Oxford Connections” претставува проширување на научните хоризонти. Таквите залагања во науката, културата и уметностите се двигателот на цивилизацискиот напредок општо, но и конкретен придонес кон благосостојбата на луѓето во дадено општество. 
Научниците од Оксфорд ќе ги образложат своите тековни истражувања во областите на физиката, хемијата, биомедицината, филозофијата, филмската уметност, антропологијата, педагогијата и електрониката. Тие истовремено претставуваат меѓународна група затоа што доаѓаат од разни земји и континенти и се од различни националности, раси и култури. На многу начини оваа програма го доведува во допир најдоброто од светот со најдоброто од Македонија. 
Централниот настан во рамките на „Oxford Connections” е Веритас форумот – предавањето од јавен карактер – кое ќе го одржи професорот по теоретска физика од Оксфордскиот Универзитет, д-р Ард Луи, со наслов „Може ли науката да објасни сè?“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) – сала „Фросина” во четврток 31-ви март 2016 година со почеток во 19:00 часот.
Добра сумаризација за она што БИВК се обидува да го постигне преку програмата „Oxford Connections” ја даде д-р Костаке Милков (Претседател на БИВК), „Вистинските научници се оние кои низ целиот живот не го изгубиле детското љубопитство, жедта за знаење, незапирливата потреба да се поставува прашања и над сè отвореноста да се слушнат идеите на другите.“

Kуси биографии на научниците од Оксфорд. 
Ард Луи е Професор по теоретска физика на Универзитетот Оксфорд, каде што ја води интер-дисциплинарната истражувачка група која проучува прашања коишто се преклопуваат меѓу хемијата, физиката и биологијата. Професор Луи е директор на постдипломските студии по теоретска физика. Од 2002 до 2010 година тој бил член на Кралското универзитетсо истражувачко друштво на Универзитетот Кембриџ и на Универзитетот Оксфорд. Тој е соработник во Фарадеј институтот за наука и религија. Негови трудови се објавени за Биологос фондацијата кадешто е член на одборот директори од 2011 година. Во 2013 година е избран за член на Меѓународното здружени за наука и религија. Пред да биде избран со звање Професор по теоретска физика, Професор Луи предавал теоретска хемија на Универзитетот Кембриџ,каде што бил и директор на природните науки во колеџот Хјугс Хол. Роден е во Холандија а растел во Габон. Своето универзитетско образование го почнал на Универзитетот Утрехт, а се стекнал со докторска титула на Универзитетот Корнел. Своите научни познавања Ард Луи ги применува и на своето големо хоби, молекуларната гастрономија.
Џонатан Брант доаѓа од Велика Британија. Го одбранил својот докторат по теологија на Тринити Колеџ во Оксфорд со фокус на систематската теологија, филмската теорија и квалитативното истражување за потенцијалното религиозно влијание врз современиот латиноамерикански филм. Пред да дојде во Оксфорд, Џонатан работел за неколку англикански цркви во Лондон и Јужна Америка. Тој е наградуван писател на романи и стручни есеи наменети за младите луѓе.
Кејт Сигрејв доаѓа од Велика Британија. Студирала модерни и средновековни јазици – француски, и чешки со словачки на Универзитетот од Оксфорд и чешки студии на Факултет по филозофија, Брно, Република Чешка. Кејт студирала и теологија, и има завршено магистерски студии за истражување по практична теологија на Универзитетот од Оксфорд. Темите на кои се фокусира се духовноста во поезијата на католичко-чешкиот барок, западнославонската реформација и литературата на Јан Амос Коменски, потрагата по верата и славонскиот идентитет во делата на Достоевски, библиските слики во средновековната чешка епска поезија со посебен фокус на Далимова хроника, општеството, верата и новелите во Европа од 19-ти век како и теми за лидерство и развој на тимови.
Карл Хилдбренд доаѓа од Канада. Пред да дојде во Оксфорд две години бил инструктор по филозофија на Универзитетот Тринити Вест. Ги обучувал студентите за медицинска етика на Универзитетот Бритиш Колумбија за медицина и работел како етичар на Бихевиористичко истражување во Комисијата за етика при Универзитетот. Во моментот работи на својот докторат по филозофија на Универзитетот во Оксфорд. Од историска гледна точка, неговите интереси лежат во делата на Емануел Кант; од систематска гледна точка, неговите интереси лежат во моралната психологија, етиката и метаетиката. Неговата докторска теза се фокусира на разбирањето на Кант за моралниот карактер.
Томас Коснахан доаѓа од Велика Британија. Студирал природни науки и инженерство на Империјал Колеџ во Лондон, а во моментов работи на докторска дисертација на Универзитетот Оксфорд која е во подрачјето на моделирање на полимерни акумулации врз полимерни мрежи за R2R процесирање со посебен фокус на моделирање на метални и органски слоеви со употреба на високо брзински техники на акумулирање соодветни со мерливи R2R производство. Своите академски истражувањата Томас ги насочува кон флексибилната електроника и технологија и нивните примени.
Хана Даусон доаѓа од Јужно Афричката Република. Студирала на социологија и географија на Универзитетот Витс, а магистериски студии по меѓународен развој завршила на Универзитетот Оксфорд. Моментално Хана работи докторат по социјална и културна антропологија за значењата на трудот во контекст на масовна невработеност: младите и нивната навигација на економската несигурност во урбаните периферии на Јоханесбург во пост-апартхејдна ЈАР. Покрај студиите Хана има и богато работно искуство како  асистент на катедрата за социјалална трансформација, Универзитетот во Јоханесбург; истражувачки соработник при Институтот за труд и развој, Универзитетот Витс; Раководител на истражувањата при Институтот за истражувачки студии за сиромаштија и нееднаквост, Јоханесбург (2013-2014); Истражувач при Симање отсекот за економски и независен развој (2013); Истражувачки и образовен службеник за Ворлд Вижн во ЈАР (2010); Тутор на Универзитетот Витс (2009). 
Лорета Сколаро доаѓа од Австралија. Дипломирала биомедицински науки и и електро-инженерство на Универзитетот Западна Австралија, а докторирала на истиот универзитет во областа на биомедицинскиот инженеринг, а дисертацијата ја истражувала оптичката кохерентна томографија за оптичка биопсија на лимфни јазли вклучени во метастази на рак на дојката. Пред да пристигне во Оксфорд каде што ја следи постдипломската програма по апологетика во Оксфордскиот центар за апологетика во 2015-та година, Лорета работела на пост-докторски студии во лабораторијата за оптичко и биомедицинско инженерство на Универзитетот Западна Австралија и била тутор по електро-инженерство.
Коста Милков е од Македонија, а се школувал во Хрватска, САД и Англија. Магистрирал и докторирал теологија на Универзитетот во Оксфорд со фокус на раните црковни отци. Тој е претседател на Балканскиот институт за вера и култура и предавач по теологија на повеќе теолошки инститиции низ Источна Европа. Тој е исто така чест говорник на меѓународни конференции и симпозиуми на теми поврзани со раната црква и големите животни прашања. Тој е дел од тимот на Центарот за христијанската апологетика во Оксфорд. Автор е на збирка поезија и на роман за деца. Во јубилејната петта година од своето постоење Балканскиот институт за вера и култура (БИВК) ја организита шестата по ред „Oxford Connections

Пронајдете не на следниве мрежи: