Европското богатство се темели на МАЧЕЊА, УБИСТВА И КРАЖБИ!

Стариот континент се смета за центар на западното општество, лулка на демократијата, писменоста и науката, но мал број Европејци размилсуваат како Европа дошла до големите споменици, богатите банки, супермоќните компании и богатството.За да разбереме на кој начин Европа се има збогатено во последните 400 години, потребно е да се совладаат одредени дефиниции, како што е значењето на зборот геноцид.
Меѓународна дефиниција за геноцид, дадена во членовите 2 и 3 во Конвенцијата за превенција и казнување на геноцидот, од 1948 година.
Член 2 ги опишува елементите на геноцидот како злосторство:
1. ментален елемент, значи „намера целосно или делумно да се уништи национална, етничка, расна или верска група како таква, и
2. физички елемент кој вклучува пет делови опишани во секциите: а, б, в,г и д. Злостороството мора да ги вклучува двата елемента за да се нарече „геноцид“.
Член 3 е опишан со пет казниви облици на геноцидот како злосторство: геноцид, конспирација, поттикнување, обид и соучесништво.
Опис на секциите:
(а) Убивање на припадници на група – одреден народ;
(б) Предизвикување на тешки телесни и ментални повреди на припадници на група;
(в) Намерно подложување на групата на такви животни услови кои предизвикуваат нејзиното целосно или делумно уништување;
(г) Воспоставување мерки со намера за превенција на раѓања во рамките на групата;
(д) Принудно преместување на деца од една во друга група.
Член 3:
(а) Геноцид;
(б) План за извршување геноцид;
(в) Директно и јавно поттикнување за извршување на геноцид;
(г) Обид за геноцид;
(д) Соучесништво во геноцид.
Ова се највпечатливите и најсрамни примери за збогатувањето на Европа со помош на геноцид.
ШПАНИЈА
Шпанската колонизација на Америка се однесува на населувањето и воспоставувањето над поголемиот дел од западната хемисфера политичка власт која била иницирана од страна на шпанските конквистадори. Почетокот на овој процес започнува со доаѓањето на Кристофер Колумбо во 1492. Во текот на три века, Шпанската империја успеала да ги колонизира Централна Америка, поголемиот дел од Јужна Америка, Мексико, регионот Југозапад кој денеска е во составот на САД, Карибите и бреговите на Северна Америка од страната на Тихиот океaн, до Аљаска.
„Ако не го направите ова… ќе дојдам во името на Бог и ќе ве нападнам од сите страни и на секој можен начин. Ќе ве направам покорни и послушни на Црквата и на неговото Височество; ќе ви ги земам жените и децата и ќе ве направам робови… и ќе ви го земам имотот и ќе ви наштетам на секој можен начин… Но, за жртвите и штетите ќе бидете одговорни самите, а не неговото Височество или ние.“
Веројатно ова е најбизарниот официјален проглас што некогаш бил издаден. Тој е дел од еден документ познат како Прогласот, или на шпански el Requerimiento. Во текот на 16 век, шпанските конквистадори морале наглас да го читаат овој проглас кога ќе пристигнеле во двете Америки со цел да ја освојат земјата. Што всушност им читале конквистадорите на локалните жители и зошто?
Кратко откако Колумбо стапнал на американско тло во 1492 год., и Шпанија и Португалија тврделе дека имаат право да владеат со новите територии. Бидејќи и двете земји сметале дека папата е Христов претставник на Земјата, побарале тој да го реши спорот. По налог на папата, црквата им ги поделила новооткриените територии на Шпанија и на Португалија — под услов и двете земји да испратат мисионери што ќе ги преобратат староседелците.
Како што конквистадорите освојувале сѐ повеќе територии, шпанското кралство барало начин некако да ги оправда нивните потфати. Бидејќи Шпанците тврделе дека папата ја спровел Божјата волја кога им ги дал новите територии, конквистадорите имале одврзани раце да прават што сакаат со домородците и со нивните поседи.

Шпанците составиле документ за да го известат локалното население за одлуката на папата. Од домородците се барало да го прифатат христијанството и да станат поданици на кралот на Шпанија. Ако одбиеле, Шпанците сметале дека се должни да водат „праведна“ војна против нив во името на Бог.
Шпанската круна барала да се чита el Requerimiento за да си ја смири совеста и за да ја оправда колонизацијата. Често се случувало конквистадорите да го читаат прогласот на бродот пред да ја нападнат земјата или на копно пред населението кое не ги разбирало европските јазици. Понекогаш документот се читал пред празните колиби што ги напуштиле преплашените домородци.

Резултатот од ваквиот обид за присилно преобраќање било ужасно крвопролевање. На пример, во една битка во Чиле во 1550 год. биле масакрирани околу 2.000 Арауканци. Во врска со оние што преживеале, конквистадорот Педро де Валдивија му рекол на кралот: „На двесте од нив им беа отсечени рацете и носовите бидејќи не сакаа да ги послушаат наредбите што им ги пратив многу пати како што заповеда Вашето Височество“.
Со читање на el Requerimiento, освојувачите можеби успевале да си ја смират совеста. Меѓутоа, тоа не помогнало да се рашири религијата на Шпанците. Бартоломеј де Лас Касас, мисионер и свештеник од 16 век, бил сведок на последиците од el Requerimiento. Тој напишал: „Колку неправеден, безбожен, скандалозен, неразумен и апсурден беше тој налог! А да не зборувам колкав срам фрли врз христијанската вера“. Историчарот Гонзало Фернандез де Овиедо изразил жалење дека ѕверствата врз домородното население во двете Америки оставиле многу лош впечаток за христијанството.
Дали Бог е виновен за таквите ѕверства извршени од политичките и црковните власти, наводно во негово име?
БРИТАНИЈА
Британската Империја се основала во времето кога Англија и Шкотска биле одделни кралства. Во 1496 година кралот Хенри VI, по успехот на Шпанија и Португалија во прекуморските истражувања, го назначил Џон Кабот за водач на патување на кое требало да се открие пат до Азија преку Атлантикот. Кабот започнал зо пловидба во 1497 година, пет години по откривањето на Америка, и иако тој успешно се закотвил на брегот на Њуфаундленд (грешно верувајќи , како Кристофер Колумбо, дека е во Азија), немало обиди за основање колонија. Наредната година, Кабот предводел уште едно патување во Америка, но никогаш повеќе не се слушнало ниту за него ниту за неговите бродови.
Немало нови обиди за основање англиски колонии во Америка се до средината на владеењето на Елизабета I, за време на последните децении од 16-тиот век. Католичка Шпанија, поради протестантското преобратување, и станала непријател на Англија. Во 1562 година, англискиот двор ги задолжил Џон Хокинс и Френсис Дрејк, кои извршувале приватни работи, да започнат со напади за трговија со робови против шпанските и португалските бродови на брегот на Западна Африка со цел да се пробијат на атлансткиот систем за трговија. Ова бил неуспешен обид, и подоцна, со засилувањето на Англо-Саксонската војна, Елизабета им го дала својот благослов на други пиратски пљачкосувања на шпанските пристаништа во Америка кои се враќале преку Атлантикот полни со богатство од Новиот Свет.
Америка, Африка и трговијата со робови
На почетокот, Карибите биле најважните и најпрофитабилните колонии, но пропаднале по неколку обиди за колонизација. Обидот за основање колонија во 1604 година во Гана траел само две години и не ја исполнил својата главна цел, да најде резерви од злато. Колониите во Санта Лучија (1605 година) и Гренада (1609 година) исто така брзо пропаднале, но во Св. Китс(1627 година), Барбадос (1627 година) и Невис (1628 година) успешно биле основани населби.
Колониите набрзо го усвоиле системот на шеќерни плантажи, кој успешно го користеле португалците во Бразил и се потпирал на работата на робовите како и, на почетокот, на холандските бродови кои доаѓале за да ги продадат робовите и да купат шеќер. За да се осигура дека цврстиот профит кој постојано се зголемувал ќе остане во авете на Англија, Парламентот донел декрет дека само англиски бродови ќе можат да тргуваат во англиските колонии.
Ова довело до непријателски односи со Обединетите холандски провинции, а низата од англо-холандски војни само ја зајакнало англиската положба во Америка на сметка на Холандија. Во 1655 година Англија го зела островот Јамајка од шпанците, а во 1666 година успаеала да ги колонизира Бахамите. Првата постојана англиска населба во Америка се формирала во 1607 година во Џејмстаун, водач на процесот на населување бил капетанот Џон Смит, а со неа управувало компанијата Вирџинија.
По уривањето на бродот-предводник на компанијата во 1609 година Англија го барала островот Бермуда, а во 1615 тој му бил предаден на новосозданата компанија на Сомерските острови. Управителот со Вирџинија бил отповикан во 1624 година и директна контрола врз Вирџинија презел кралскиот двпр, со што се создала колонијата Вирџинија. Компанијата на Нуфаундленд била создадена во 1610 година со цел да се основа постојана населба во Њуфаундленд, но овој обид во голема мера бил неуспешен.
Во 1620 година, Плајмаут бил создаден како идеално место за пуританците, подоцна познати како пилгрими. Тие бегале од верско прогонување и добиле мотивација, како и многу други идни англиски колонисти, да ризикуваат и да се впуштат на трансатлантско патување. Мериленд се основала како идеално место за римокатолиците ( 1634 година). Родските острови (1636 година) се создала како место во кое се толерираат сите религии, а Конетикат (1639 година) за конгрегационалисти. Провинцијата Каролина се основала во 1663 година.
Со предавањето на тврдината Амстердам во 1664 година, Англија добила контрола врз холандската колонија Нова Холандија, што ја преименувала во Њу Јорк. Ова се формализирало во преговорите кои следеле по втората англо-саксонска војна, во замена за Суринам. Во 1681 година Вилијам Пен ја основал, колонијата Пенсилванија.
Американските колонии биле финансиски понеуспешни од оние на Карибите, но имале големи области со обрабортлива почва и поради тоа привлекувале многу поголем број англиски емигранки кои ја претпочитале американската умерена клима. Во 1670 година, кралот Чарлс II ја одобрил компанијата Хадсонс Беј, со што направил монопол во трговијата со крзно во која исто така била тогаш познатата Рупертова Земја, огромна територија од која подоцна ќе се создаде Канада.
Тврдините и трговските места кои ги основало компанијата биле честа цел на нападите од страна на Франција, која основала своја колонија која тргувала со крзно во нова Франција. Две години подоцна, Кралскота африканска компанија била унапредена откако кралот Чарлс и доделил монопол во трговијата со робови со британските колонии на Карибите.
Британските колонии во Западна Индија се потпирале на робовите. До укинувањето на трговијата со робови во 1807 година, Британија била одговорна за транспортирање на 3,5 милиони робови од Африка во Америка, третина од сите робови транспортирани преку Атлантикот. За да се олесни оваа трговија се граделе тврдини на брегот на Западна Африка како на пример островот Џејмс , Акра и Бунс. Во британските Кариби, процентот на црнечка популација пораснала од 25% во 1650 година до околу 80% во 1780 година, а во13 колонии од 10% до 40% во истиот период( најголмиот дел во јужните колонии).
Трговијата со робови била исклучително профитабилна за оние кои се занимавале со тоа и станала најголемиот економски извор за западните британски градови како Бристол и Ливерпул кои го претставувале третиот агол од таканаречената триаголна трговија со Африка и Америка. Условите на бродовите со робови биле сурови и нехигиенски а слабата исхрана придонела просечната стпака на смртност до средината на патувањето да биде еден во седум. Во 1695 година Шкотскиот парламент го одобрила трговското зружение на Шкотска, кое се основало во Панама во 1698 година, со цел да изгради канал таму.
Под опсада од страна на соседните шпански колонисти од Нова Гранада и преплавена со маларија, колонијата била напуштена по две години. Програмата Дариен била финансиска катастрофа за Шкотска, една четвртина од шкотскиот капитал бил изгубен во тоа претпријатие и им ставило крај на шкотските надежи за основање прекуморска империја.
Ова исто така предизвикало политички последици кои ги засегале владите и на Англија и на Шкотска повеќе од што ги засегале кралските дворови. Ова се случило во 1707 година со Договорот на Унијата со кој се основало кралството Велика Британија.
Европа го стекнала своето богатство со убивања, трговија со луѓе и кражба. Лицемерно, зарем не?За да разбереме на кој начин Европа се има збогатено во последните 400 години, потребно е да се совладаат одредени дефиниции, како што е значењето

Пронајдете не на следниве мрежи: