29 години од иновацијата која засекогаш го промени светот: Патики за сите генерации

Скопје (25.03.2016) Светското одбележување на 29-от роденден на револуционерната Air Max линија во Њујорк, Хонг Конг и Токио, истовремено ќе  се слави и во Скопје на 26-ти март (сабота) во Скопје Сити Мол, II кат, со почеток во 12:00 часот. Овој важен настан во историјата на Nike, со своето присуство ќе го дополнат и разиграат Air Max амбасадорите: Европскиот шампион на ридски патеки за 2014-та и 2015-та, Игор Иџе Стефановски, прекрасната македонска пејачка Симона Попоска, популарниот ТВ и радио водител Димитар Атанасовски, DJ-от и Air Max колекционер Зоран Lephong Георгиев, DJ-от кој ќе биде и задолжен за целата прослава, Кире SnkrCity, специјалниот гостин DJ Гоце САФ, како и многу други јавни личности.Во далечната 1987 година, познатиот Nike дизајнер Тинкер Хетфилд,осмислил комплетно нов концепт патики – моделот Air Max 1, дизајнирајќидотогаш невидена иновација со воведување на проѕирен воздушен (Air) ѓон, кој предизвикал искрено воодушевување. Од тогаш, Air Max доживеа голем број варијации со смели бои и уникатни дизајни во форма на моделите – Air Max 90, Air Max 93, Air Max 95, Air Max 360 и со тоа станаа препознатливи како најпопуларни патики во светот – засекогаш менувајќи ја улогата која патиките ја имаат во животот на рекреативците и љубителите на спортот.

Посетителите на оваа несекојдневна прослава во Скопје ќе имаат шанса да ги видат пробаат најновите верзии на Air Max скокајќи на трамболина, поставена пред Nike Shop во Скопје Сити Мол. Oсвен одличната шанса да го испробаат уникатниот воздушен ѓон скокајќи на трамболината и неверојатното “воздушно” искуство кое ќе го доживеат, посетителите ќе се запознаат со новите модели Air Max патики и ќе се уверат зошто токму тие се едни од најомилените патики на сите времиња.
Одбројувањето до Air Max денот продолжува, а сите љубители на легендарниот модел се добредојдени да се приклучат на импресивната прослава, на 26-ти март во периодот од 12 до 20 часот во спортскиот корнер во Скопје Сити Мол и заедно со Nike да ја одбележат традицијата долга 29 години од создавањето на патиките кои засекогаш го сменија светот.Во далечната 1987 година, познатиот Nike дизајнер Тинкер Хетфилд,осмислил комплетно нов концепт патики – моделот Air Max 1,&nb

Пронајдете не на следниве мрежи: