Деновиве забрзано се работи на привршување на работите околу новата зграда на државниот архив на Р.Македонија, одделение Куманово.Архивот ќе биде сместен во поранешната зграда на ДОМ на АРМ Куманово во реновирани простории со европски станрадри за висока заштита на документација од историско значење.Превентивната заштита се состои од сместување и чување на архивскиот материјал, обезбедени од директна сончева светлина со регулирање на температура и влажност во приплижни граници според пропишаните стандарди.
Архивот во Куманово е основан во 1954година.Под негова надлежност се општините куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово.Одделението работеше во отежнати услови и наменска зграда изградена кон крајот на 19век.Особен проблем претставуваше сместувањето на архивскиот материјал, сега тој проблем е надминат.
Одделението работи со 200 иматели, располага со над 550 фонда и 8 збирки.Најстари документи потекунваат од 1870 година, а најголем дел од материјалот е создаден во периодот по Втората светска војна.
Архивот ќе биде сместен во поранешната зграда на ДОМ на АРМ Куманово во реновирани простории со европски станрадри за висока заштита на документаци



