Воведно обраќање на претседателот на Судскиот совет на Република Македонија на денешниот консултативен настан во врска со Нацрт-прирачникот за комуникација на судовите со јавноста

Почитувани колеги, почитуван г-дин Аиво Орав, почитувани претседатели на судовите и судии задолжени за односи со јавноста на судовите во Р.М, Драги гости и Почитувани претставници на медиумите, 
Ми претставува особена чест, да ве поздравам и да Ви посакам добредојде од името на Судскиот совет. Дозволете ми како Ваш домаќин заедно со другите организатори со особено задоволство да го отвориме денешниот косултативен настан на тема „Нацрт – Прирачник за комуникација на судовите со јавноста“.
Најнапред, неколку напомени за наведената тема.
Во денешно време, повеќе од било кога за жал „перцепцијата‘‘ за одредени состојби се прикажува како реалност. Можеби најдобро си ја вршите својата работа, меѓутоа доколку граѓаните се погрешно информирани тогаш се останува на наметнатата перцепција.
Оттаму, се јавува потребата да се биде проактивен.
Проактивноста е всушност „формулата“ за спроведување на принципите за отвореност, транспарентност и отчетност на судовите.
Лицата задолжени за односи со јавноста во судовите треба благовремено да превземаат иницијативи и да ја информираат јавноста за работата на судот, како и за предизвиците со кои се соочуваме.
Се надевам дека Прирачникот за комуникација на судовите со јавноста ке биде изработен професионално и како алатка која ќе ни биде водич, кој судството ќе го користи за да пренесува важни информации за до јавноста.
Воедно, се надевам дека Прирачникот ќе ни помогне:
– Да ја информираме јавноста за квалитетот на работата на судовите;
– Да покажеме проактивен став;
– Да покажеме дека сме транспарентни како и
– Да изградиме позитивна слика за судството.
Исто така, уверен сум дека во прирачникот ке бидат предвидени и конкретни алатки за поводите и пригодите во кои треба да се напише соопштение до јавноста и тоа во врска:
– За почетокот или за крајот на одреден настан, одредена активност на судовите, проект, а исто така информации за резултатите од работата на судот и слично;
– Потоа, во врска со презентирање на мислење, позиција, коментар, аргументи за настани кои се од општествено значење;
– Исто така, во врска со демантирање на неточни информации во насока да се одбере вистинскиот момент(кога темата е актуелна), а не недели подоцна, како и за други факти за кои исто така се надевам дека во Прирачникот ќе бидат предвидени и опфатени конкретни алатки.
Во таа насока, а со единствена цел Прирачникот да биде професионално, соодветно и што поскоро изработен, доколку во Вашиот проект немате вклучено и судии за негова изработка, кои активно би потпомогнале во негово креирање, потребно е истото да го предвидите. Од причини што, не би било логично судиите да не бидат во неговата изработка, а Прирачникот да се однесува за нив. Со оглед на тоа што истиот треба на седница да го усвои Судкиот совет на РМ потребно е во најкраток можен рок да се обратите до ССРМ, но и до Здружението на судии со цел да Ви предложат судии за проектот.
  
Ми претставува особена чест, да ве поздравам и да Ви посакам добредојде од името на Судскиот совет. Дозволете ми како Ваш 

Пронајдете не на следниве мрежи: